Ознака: реконструкција

pitu guli

Реконструкцијата на „Питу Гули“ започна пред две недели, досега ни трага ни глас од механизација

Post Views: 20 Жителите кои гравитираат околу улицата Питу Гули се прашуваат на што се должи застојот во активностите за нејзина реконструкција. Градежните зафати свечено беа отпочнати на 3ти април ,со присуство на министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот Никола Бакрачески. Но откако се изгаснаа камерите и заминаа новинарите, си замина и градежната механизација.  Според градоначалникот, се средуваале последните финеси пред започнување на посериозните градежни зафати на оваа улица. Од наредната недела локалната самоуправа ќе  започне со поинтензивни активности за целосната...

Continue reading

opstina debrca

Градоначалникот на Дебрца, Трајкоски, се пофали со сработеното во изминатите две години

Post Views: 14 Општина Дебрца која е интересна за туристите, општина Дебрца која се почесто е застапена во медиумите. Ова, според градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски е резултатот од досегашниот тек од неговиот мандат. Денес во неговиот отчет за сработеното во изминатите две години, Трајкоски рече дека општина Дебрца веќе е прерасната во општина која се движи по теркот на најразвиените општини во Македонија. Трајкоски се пофали со реализираните проекти, меѓу кои и изградба на монтажно училиште во Волино, изградба и реконструкција на игралишта за мали и големи спортови во повеќе...

Continue reading

pitu guli

Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“

Post Views: 5 Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. Со два милиони евра, средства од Светска банка ќе се обновува оваа многу значајна сообраќајница во градов. Ова е почеток на реализацијата на долго најавуваните проекти со средства од Светска банка, а потпомогмнати од Владата на РМ и Министерството за финансии, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Во наредниот период покрај реконструкција на Питу Гули  ќе бидат реализирани уште два кружни тека  и тоа на пресекот на булевар Туристичка и улицата Македонски просветители и на Туристичка со улица Бистрица, а ќе се реконструираат...

Continue reading

РН

Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ

Post Views: 5 Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад  Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му  е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат  фолкорното друштво Охриѓанка,  Теквондо клубот и амбулантата издадена под  концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција  објектот. „ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен, треба да се смени“, наведува Николески. Домот...

Continue reading

daljan

Репарација и надоградба на колекторот за спас од поплави

Post Views: 0 Жителите на улицата Сатеска 40 во Даљан, се опоравуваат  по последните врнежи од дожд и снег кои поплавија, влезови, гаражи и подруми. Теренските екипи на Центарот за јавно здравје денес вршеа дезинфекција на поплавените простории од станбените комплекси кои беа најпогодени. Како што истакна претседателот на Заедницата на сопственици на станови од оваа улица Гоце Тасески, станарите бараат поголема одговорност од надлежните и преземање конкретни чекори за надминување на нивниот проблем со кој што се соочуваат години нананзад.   „Алармирани се сите институции, запознати...

Continue reading

мамограф

Охридската болница ќе добие нов мамограф

Post Views: 6 Министерот за здравство, Никола Тодоров на вчерашната отворена седница на Владата најави инвестиција од 210 милиони денари за реконструкција на болници и набавка на опрема во здравствените институции во државава. Нов мамограф ќе добие и охридската болница. Тодоров истакна дека овие средства ги обезбедиле како резултат на заштедите коишто ги направиле со набавката на инсулин и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда изнесувала 235 милиони денари, рече Тодоров. {loadposition content9}

Continue reading

abas emin

Дали ќе дојде крајот на комуналните проблеми на улицата „Абас Емин“?

Post Views: 15 Дали конечно ќе се најде решение за комуналниот проблем наречен улица „Абас Емин“ ? Оваа високофреквентна улица години наназад била дел од програмите на општина Охрид, но досега истата добиваше само крпење на ударните дупки и чести поправки на проблематичните канализациони мрежи.  Вистинска и целосна реконструкција на истата, барем до овој момент на „Абас Емин“ се нема случено. Запрашавме дел од жителите на оваа улица што мислат за нејзината состојба и кои според нив се клучните и најважни проблеми со кои секојдневно се соочуваат. „Треба да се направи улицава. Потребна...

Continue reading

hrvati marina

Хрватски компании во обиколка на можните локации за изградба на градската марина во Охрид

Post Views: 2 Две хрватски компании од областа на градбата на марини, во обиколка на охридското крајбрежје. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заедно со стручни лица од областа на изградбата на марини како и стручните лица од Капетанијата на пристаништата на Република Македонија им ги презентирале на гостите можните локации за изградба на градската марина. „Ги разгледувавме тие локации заедно со експерти од оваа област. Имавме можност да прошетаме и со брод во близина на крајбрежјето, каде што гостите од Хрватска сакаа да го разгледаат и тлото на езерото, се информираа...

Continue reading

ulica

За една година асфалтирани повеќе од 30.000 м2 улици во Охрид

Post Views: 1 За период од една година и три  месеци, асфалтирани се вкупно 30.400 метри квадратни улици во општина Охрид. И тоа: Асфалтирани се делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1.800 м2. Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше : -Дел од улицата “Јане Сандански” со површина од 1 950 м2, -улицата “Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,– целосно е асфалтирана улицата “Богомилска со површина од 1 743м2, -целосно ревитализирана и асфалтирана е  улицата “Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на...

Continue reading

sv SOfija

Камена ограда ќе се подига околу Св. Софија

Post Views: 4 Започнуваат подготовките за реконструкција на некогашната ограда околу црквата Св. Софија. Каменорезците веќе на големо работат на делкање камени блокови од кои ќе се гради ѕидот. Камената ограда  ќе биде во должина од 130 метри,  висока 50 цм, а ќе биде надоградена со ковано железо. Каменот се носи од Горна Белица. Нема податоци кога е подигната првичната ограда, но била срушена некаде кон крајот на 70  години од минатиот век. Проектот е на Завод и Музеј  и локалната самоуправа, а финасиите ги обезбедува  Македонската православна црква, ги појаснува проектните зафати...

Continue reading

elshani rezervoar

Елшани добива нов резевоар за квалитетно водоснабдување

Post Views: 0 Елшани добива реконструкција на водоводниот систем. Месното население децении наназад мака мачи со водоснабдувањето особено во текот на летните месеци кога недоволниот притисок без вода за пиење оставаше повеќе од 700 жители. Како дел од реконструкцијата на водоводот, елшанци ќе добијат нов резервоар со поголем капацитет, нови полиетиленски цевки кои ќе ги заменат старите азбестни во должина од 2200 метри, како и водоводна пумпа. „Претходно е констатирано дека е потребно да се изгради еден резервоар, поголем резервоар за вода, со вкупен капацитет од 100 метри кубни,...

Continue reading

drvored

Започна сечата на дрворедот на „Партизанска“, липите ќе се менуваат со лигуструм

Post Views: 0 Липите на Партизанска заминуваат во заборав. Од денес започна сечата на овие повеќедецениски дрва како дел од реконструкцијата на дрворедот на улиците низ градов.  Од ЈП „Охридски комуналец“ кои се задолжени за реконструкција на дрворедите, велат дека постоечките дрвја на „Партизанска“ ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Од „Комуналец сметаат дека искуството со реконструкцијата на дрворедот на улицата „Димитар Влахов“ покажала дека лигуструмот има декоративен изглед и е отпорен на временски промени, аерозагадувања и заболувања и нема длабок корен, па...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top