Спорт за сите и реконструкција на трибините на СРЦ „ Билјанини извори“

Спорт за сите и реконструкција на трибините на СРЦ„ Билјанини извори“. Со реализација на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, ќе придонесеме за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани, порачаа кандидатите од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

 |  Валентина Неловска  | 

Спорт за сите и создавање на подобри услови за спортување, најави Кирил Пецаков носител на советничката листа од Вмро Дпмне и коалицијата. Најавува обнова на трибина и соблекувални на СРЦ „Билјанини извори“.

„Постојната трибина на фудбалскиот стадион со реконструкција ќе прерасне во современа трибина. Во рамките на
трибината ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетски клуб Охрид, и просторија на Општински фудбалски сојуз Охрид. Секогаш младите, младите, младите. Младите се движечка сила и промотор на новите вредности на општетството и градот. Младите се иднината на градот Охрид“, порача Пецаков.

Во духот на спортската афирмација на градот ќе се одржува втора година по ред фудбалски камп Барселона. Летен камп за деца од 6 до 16 години под спортска палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона, напоменува Пецаков.

„Четврта година со ред функционира спортската академија во Охрид. Има спортски паралелки по фудбал, ракомет и кошарка кои ќе продолжат со работа во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески. Во образовниот процес во средното образование се става акцент на практичниот дел-тренингот за младите спортисти да се оспособат и да постигнат врвни спортски резултати и од рана возраст да бидат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис“, истакна Пецаков.

Ќе работиме на создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид, како спортски град, истакна Кирил Пецаков носител на советничката листа од Вмро Дпмне и коалицијата повикувајќи ги граѓаните да го заокружат бројот 13.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top