Ознака: ред

codefest

Viber, Google, Adobe, Microsoft дел од четвртиот по ред маратон во програмирање Codefest

Post Views: 6 Започна еден од најзначајните настани од информатичката технологија во земјава, Коудфест. Ова четврто издание според организаторите не само што е најобемно според бројот на гостите и говорниците туку и по светските имиња од областа на информатичката технологија како Гугл, Вајбер, Мајкрософт, Адоби. Коудфест, според министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска која го отвори годинешното издание на маратонот во програмирање, смета дека ова е вистинска можност за младите да се бидат очи во очи со претставниците од овие гиганти и да ги остварат своите соништа. “Собрани...

Continue reading

Како до побезбедни матурски и полуматурски вечери?

Post Views: 2 Организирањето на матурска вечер без инциденти станува се поголем предизвик. Состојбите се такви какви што се, а сега останува само да се минимизира колатералната штета. Во таа насока беше и денешниот дваесетти по ред состанок на советодавната група на граѓани од Охрид. СВР-Охрид ќе ги запознава родителите и нивните деца-матуранти за нивните права и обврски за време на матурските прослави. Овој проект се спроведува трета година по ред и бележи добри резултати. Состанокот на советодавната група на граѓани заврши со неколку заклучоци. „Од присутните беше пред се побарано...

Continue reading

sednica Struga

Урбана опрема, што е тоа?

Post Views: 9 Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема. Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна...

Continue reading

register

Лустрацијата пред пратениците

Post Views: 1 Денес во Собранието на република Македонија на дневен ред ќе биде Предлог законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција. Покрај ова, на дневен ред ќе бидат и повеќе точки од областа на администрацијата, финансиите, судството, културата, екологијата, земјоделството.Во собранието денес ќе се расправа и за предлозите за избор на судии во Уставниот суд, потоа за избор на членовите во Советот на радиодифузија, потоа предлог за разрешување и именување на нов претседател и членови на Комисијата за заштита од конкуренција, потоа избор на заменик директор...

Continue reading

usta

Лижете пополека

Post Views: 6   Доколку лакомо и брзо го јадете сладоледот, може да ве заболи стомак или глава. За да не добиете мигрена потребно е да го јадете сладоледот пополека со врзвот на јазикот, затоа што, на тој начин мозокот побавно добива информации за температурата на слаткото задоволство. Исто така, треба да обрнете внимание кога купувате сладолед фрижидерот да не биде дирекно исложен на сонце. Ако сладоледот е изложен на сонце, дури и преку стаклото на ладилникот, може да се расипе иако рокот на траење е во ред. Значи внимавјате од каде го купувате, задолжително проверете го рокот и...

Continue reading

Тепачка во Градиште, нарушен јавен ред во казино-СВР БИЛТЕН

Post Views: 6 На 11.07.2021 година во 03,10 часот, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Т.Р.(30) од Охрид врз Н.М.(41), работник на обезбедување во објектот. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На  11.07.2021 година во 01,30 часот, во авто кампот „Градиште” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу М.Ј.(20) и неговиот брат Ф.Ј.(26), двајцата од Битола. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. На 10.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен...

Continue reading

ohridsko leto

„Охридско лето“ трета година со ред најуспешна манифестација според Министерство за економија

Post Views: 4 Трета година со ред нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот „Охридско лето“ ја добива наградата „најуспешна манифестација“ од страна на Министерството за економија за нивниот придонес во развојот на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска вели дека фактот дека некој ја следи работата на фестивалот и за тоа ги наградува навистина го ценат. „Претставува за нас огромна чест и задоволство, претставува голем поттик и признание за тоа што го правиме и градиме . Ја започнавме приказната со „Охридско лето ви препорачува“, сакавме и донесовме...

Continue reading

kajakari

Охридските кajaкари од клубот Стрмец чекаат на ред за кајак и весло

Post Views: 0 Кајакарскиот клуб Стрмец е еден од двата градски клуба и во последно е привлечен за младите спортисти кои го бираат кајакот за спортување. Двесет млади спортисти од неодамна се членови во овој клуб кој има традиција долга скоро  7 децении. Во моментов  кајкарскиот клуб е во добра кондиција и брои околу  40 членови, вели претседателот  и државен  селектор на кајакарите Раде Попоски. Попоски открива како се справуваат  40-те кајакари кои може да тренираат на 20 -тина кајаци набавени пред повеќе од 2 децении.    „ Чекаме на ред и за весло и за кајак.Посакувам  да имаме...

Continue reading

50 godini james bond

Шпионот и заводникот со дозвола за убивање наполни 50 години

Post Views: 10 Тој и натаму го пие своето мартини „проматено, не промешано“, прекрасно изгледа во смокинг, патува без пасош и ја спасува планетата, сето тоа со голем број убавици, кои сами му паѓаат во крило. Го прослави 50-от роденден и се вика Бонд, Џејмс Бонд.Еден од најуспешните филмски серијали го започна својот живот со филмот „Др. Но“ во 1962 година, каде прв пат Џејмс Бонд го играше Шон Конери, а Урсула Андерс во бели бикини и со нож на половината и постави домашна задача на секоја следна девојка на Бонд. Шпионот, љубовникот и херојот во изминатите пет децении воопшто не...

Continue reading

Vevcani

„Секајца“ удри во „Сприја“

Post Views: 9 Со сила ништо не бидува. Се скараа „Сприја“ и „Секајца“. Се работи за две вевчански компании кои вршат линиски превоз на патници, на правец Вевчани – Струга и обратно. Имено, на 5 ти овој месец на влезот во општина Вевчани во непосредна близина на некогашната фабрика „Стружанка“, некаде околу 12 часот на пладне се случила расправија помеѓу сопственикот на „Сприја“ Кире Србакоски и возачот на конкурентната фирма МАТ-ФИС Љубе Ангеличиноски. Според сопствениот на „Сприја“се работи за расправија која била очекувана, заради неажурноста на инспекторот за патен сообраќај...

Continue reading

Segbastijan Fetel

Ред Бул триумфира на Силеврстоун

Post Views: 8 Беспрекорното возење на Себастијан Фетел од пол-позицијата до целта во трката за Големата награда на Велика Британија му донесе еден-два победа на Ред бул во Силверстоун во веројатно последниот натпревар во Формула 1 на оваа патека пред селидбата в година во Донингтон Парк. Зад Германецот заврши тимскиот колега Марк Вебер од Австралија, кој во првиот дел од трката заостана зад Фетел поради тоа што беше забавуван од Рубенс Барикело од Браун, кој на крајот го освои третото место. Вебер го престигна Барикело по првата серија влегувања во боксот, но не можеше да ја загрози...

Continue reading

sednica

Утре 39-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 7 На дневен ред ќе се најдат предлог-одлуката за усвојување на програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година. На оваа издание на седницата на Советот, советниците ќе треба да се произнесат и по предлог-одлуките за усвојување на измените и дополнувањата на развојната програма за изработка на урбанистички планови за Oпштина Охрид во 2015 – 2017 година и за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top