Ознака: ред

sednica

Закажана дваесеттата седница на Совет

Post Views: 0 Дваесеттата седница на Советот на општина Охрид закажана е за вторник 11 март. На дневен ред предложени се вкупно 56 точки. Предлог одлуките за усвојување на извештаите од работењето на одделението за даноци, комунални такси, противпожарната единица, секторот за спорт млади, невладини организации, како и реализација на програмите за развој на заштита на животната средина, локалниот еконмски развој, потикнување на развој на туризмот и др, за минатата година, се меѓу првите дваесеттина точки. Исто така на усвојување се и предлог одлуките на извештаите од  работење на јавните...

Continue reading

nikola bakraceski

Градоначалникот поднесе отчет за досега сработеното

Post Views: 4 Градоначалникот Никола Бакрачески поднесе отчет за досега сработеното. Оваа точка  беше ставена на дневен ред дополнително по предлог на градоначалникот, а на барање на советниците од опозицијата на  последната седница. Бакрачески во обемниот отчет за периодот април- декември 2013 година зборуваше  час и 25 минути. Се осврна на големата стапка на невработенсот воопштината, на големата превработеност на оппштинската администрација во изминатите 8 години на поранешната локлна власт, на  високите долгови на општината и јавните претпријатија. Кажа за досегашните зафати во...

Continue reading

eksterno

Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани

Post Views: 1 Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани. Тие минатите години беа изземени од ваквиот вид тестирање бидејќи  во јуни полагаат матура. Учениците  за денешниот екстерен тест, како и за оној в петок имаа на увид 60 илјади прашања. Бројот на прашања кои се на тестот зависи од тоа колку предметот е застапен неделно во наставата. Двата предмети по кои се тестираат, учениците ги дознаа пред два дена. Во средното училиште Ванчо Питошески тестирани се 102 ученици и тоа по македонски јазик, математика, менаџмент и бизнис, граѓанско образование и психологија. Се започна...

Continue reading

mozaik

Институтот за социо-културна антропологија ќе става научен печат на христијанскиот празник Водици

Post Views: 11 Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство. „Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот единствено...

Continue reading

sednica

Советот на општина Охрид ја заврши оваа година со донесување одлуки за наредната

Post Views: 1 Градските избраници работно го поминаа претпоследниот ден од оваа година. Денес се одржа 17тата седница на која се расправаше по четириесет точки од дневниот ред. Најголем дел од нив се однесуваа на предлог одлуките за усвојување на развојните програми од различни области. Ова беше само претходница на донесувањето на буџетот за 2014та кој и тоа како е важен за функционирањето на општината во годината што следува. Прва на дневен ред се најде предлог одлуката за усвојување на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година....

Continue reading

sednica

Новата атракција, лизгалиштето се најде на денешниот Совет

Post Views: 4 На денешната 16 седница на Совет градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека на барање на граѓаните донеле предлог измени во одлуката за воведување автобуски линиски превоз, односно после подолго време одлучиле да се воспостави линиски превоз на ниво на општина Охрид. Исто така градоначалникот Бакрачески ги зарадува и такси превозниците, бидејќи на барање на здружението на такси превозниците цената за добивање на лиценца од 40 000 денари намалена е на 10 000 денари. Новата атракција на плоштадот монтажното лизгалиште се најде и во дискусиите на денешната седница. Советикот...

Continue reading

vmro dpmne

Oбвинувања дека ВМРО ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се неосновани, тврдат од ОК

Post Views: 7 ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија и своите заложби за Охрид ги истакна во својата програма која доби полн легитимитет од Охриѓани. Идентификацијата на главните проблеми со кои се соочуваше Охрид во изминатите години покажа тотална неодговорност на СДСМ во раководење со градот вклучувајќи ја и кадровската структура во Општината и во Јавните претпријатија. Тоа беше еден од клучните моменти на нефункционирањето на градот и непобитен факт за партизацијата на Општината  и јавните претпријатија од страна на СДСМ и неговите сателит партии. Охрид не смее и нема да си го...

Continue reading

sednica

Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та

Post Views: 2 Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та година. На денешната седница на советот на општина Охрид, прва на дневниот ред беше токму точката извештај на градоначалникот за извршената ревизија на Државниот завод за ревизија.  Градоначалникот Бакрачески рече дека граѓаните на Охрид имаат право да бидат запознаени со вистината за финансиското работење на локалната во претходниот период. „Во овој извештај ги елаборирав основните елементи и заклучоци кои Државниот завод за ревизија ги спроведува. Сакам...

Continue reading

zaev ohrid

Мерки за враќање на средната класа

Post Views: 8 Охриѓани најдобро знаат што е добро за Охрид. Токму затоа претседателот на СДСМ Зоран Заев предлага децентрализација на власта во неколку сфери од општественото живеење, како граѓаните би одлучувале за доброто на општината. Овие пакет мерки доаѓаат со цел да се врати средната класа вели Заев. „ Децентрализација на центрите за социјлни работи. Пренесување на оваа надлежност на општините ќе овозможи тренспарентност во одлучувањето во распределбата на социјалната помош. Општините имаат повеќе и подобри информации од МТСП, за тоа кој се навистина социјално загрозени граѓани,   ...

Continue reading

opstina Ohrid

Мачно се калеше дневниот ред на 14тата седница на совет

Post Views: 9   Двете точки од областа на урбанизмот кои беа повлечени на 12тата седница на совет а со кои се предвидува изградба на висококатници во централното градско подрачје никако да се најдат на дневен ред. Опозицијата која ја напушти таа седница во знак на подршка на Мирослав Шиповиќ, претседателот на ОО на СДСМ Центар, сега две заседавања на советот по ред ги бара овие точки. Ова покажува дека има несогласувања внатре во советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не можат да се искоординираат меѓе себе и затоа не ги ставаат овие точки на дневен ред, вели Јoне Станкоски, советникот...

Continue reading

sdsm

СДСМ: Урбанистичките планови кои ВМРО- ДПМНЕ ги критикуваше, истите сега ги поддржува

Post Views: 9 Нема оправдана причина советничкото мнозинство да не го прифати барањето на СДСМ, и да не ги постави двете точки од урбаната сфера од дванаесеттата седница на тринаесеттата, реагираат од СДСМ Охрид. Како што кажа Христина Гоговска, раководителот на Центарот за комуникации, изненадени се како се променил принципиелниот став на ВМРО – ДПМНЕ кои цели 4 години за време на владеењто на поранешните градски власти од 2009 до 2013, биле исклучиво против сите детални урбанистички планови и гласале против, а сега со промената на власта на локлано ниво тие исти луѓе од ВМРО – ДПМНЕ...

Continue reading

urbana sednica

Повлечените точки од минатата седница не се најдоа на дневен ред и на денешната

Post Views: 1 Охридските советници се скараа. Причина, двете точки од областа на урбанизмот, кои пред два дена беа повлечени од дванаесеттата седница на Совет. Предлогот на советниците од Сојузот на иднината да се дополни дневниот ред на тринаесеттата седница со тие две точки не беше усвоен. Тунтев категоричен дека не се против урбанизација, бидејќи тоа е цивилизациска придобивка со која се средуваат работите за да нема хаос. „Јавноста очекува одговор од нив зошто 8 години се трубеше на сите можни начини, по сите медиуми, се правеа циркуси со прес конференции пред Ревиера, пред Домот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top