Новата атракција, лизгалиштето се најде на денешниот Совет

Такси превозниците добија намалување на цената за добивање лиценца, опозицијата не ги доби на дневен ред двете точки од урбанизмот кои ги бара неколку седници нанзад, а советниците од ВМРО ДПМНЕ во своите редови добија старо нов советник. На денешната седница на совет, 16 та по ред во дискусиите се најде и најновата атракција во Охрид, монтажното лизгалиште на плоштадот.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

sednicaНа денешната 16 седница на Совет градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека на барање на граѓаните донеле предлог измени во одлуката за воведување автобуски линиски превоз, односно после подолго време одлучиле да се воспостави линиски превоз на ниво на општина Охрид. Исто така градоначалникот Бакрачески ги зарадува и такси превозниците, бидејќи на барање на здружението на такси превозниците цената за добивање на лиценца од 40 000 денари намалена е на 10 000 денари. Новата атракција на плоштадот монтажното лизгалиште се најде и во дискусиите на денешната седница. Советикот од Здружената опозиција Јоне Станкоски, побара информација од градоначалникот кој стопанисува со лизгалиштето и во согласност со кој план истото е поставено.  

pavel „Она што советникот Јоне Станкоски го побара како информација можам да истакнам дека лизгалиштето на градскиот плоштад е реализирано со договор за дело на техничка соработка помеѓу една австриска фирма и општина охрид како израз на напорите на Локалната самоуправа да градскиот плоштад заедно со другите содржини биде место во кое што пред новогодишните празници и потоа ќе се собираат голем број на луѓе, така што тој плоштад ќе заживее“ – вели Бакрачески.
„Иначе како информација не сум задоволен затоа што не добив конкретен одговор која фирма стопанисува и дали стопанисува Локалната самоуправа или некоја приватна фирма и доколку име приватна фирма дали е распишан повик на која што се пријавени фирми и таа фирма го добила тендерот. Се надевам дека во наредниот период градоначалникот ќе образложи малку повеќе“– вели Станкоски.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ја пофали работата на Секторот за урбанизам, посебно во делот на легализација на бесправно изградените објекти.

„Морам да напоменам дека продолжуваме со засилено темпо да го спроведуваме овој процес онака како што бараат граѓаните и нескромно е ако кажам дека за 8 и пол месеци успеавме да спроведеме над 1000 решенија за легализација што спередено со минатиот период од две години беа издадени 600 решенија а сега двојно повеќе за само 8 и пол месеци.
 
И на денешната 16 есета седница опозицијата побара да се стават на дневен ред 2 те точки од урбанизмот.

„Значи ние побаравме проширување на дневниот ред со двете точки од сферата на урбанизмот, значи ДУП овите од Урбана заедница 2, кои на една од минатите седници наводно беа повлечени заради неприсуство на опозицијата. tuntevНие од тогаш па се досега на секоја седница прашувме зошто не се тие две точки на дневен ред. Дали сеуште има неусогласеност околу гласањето на ДУП овите во советничкото мнозинство, и предложивме дневниот ред денеска да биде проширен со тие две точки имајќи во предвид дека тие планови се поминати на комиси“ – изјави Тунтев.

Предлогот на опозицијата не беше прифатен како што кажа Тунтев без образложение зошто. Инаку, на денешната седница актуелниот координатор на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Сашо Донев поради неспоивост со новата функција како прв човек на ЈП НИСКОГРАДБА, поднесе оставка, која беше прифатена од страна на Советот . На негово место во редовите на советниците на ВМРО – ДПМНЕ доаѓа Јованка Дамоска Секулоска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top