Тепачка во Градиште, нарушен јавен ред во казино-СВР БИЛТЕН

Нарушен јавниот ред и мир во казино во Охрид, тепачка во автокампот „Градиште“, помор на риба во рибник кај месноста Речица. Погледнете го најновиот СВР Билтен.

На 11.07.2021 година во 03,10 часот, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Т.Р.(30) од Охрид врз Н.М.(41), работник на обезбедување во објектот. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На  11.07.2021 година во 01,30 часот, во авто кампот „Градиште” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу М.Ј.(20) и неговиот брат Ф.Ј.(26), двајцата од Битола. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 10.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен е помор на риба во рибник кај месноста Речица, во близина на охридското село Куратица. По овластување на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи при што, констатирано е дека се работи за помор на околу илјада килограми речна пастрмка случен поради недостиг на вода која рибникот ја добивал од река, предизвикан од градежни работи односно ископ во близина на речното корито за изградба на хидроцентралата „Извор”.

билтен, Градиште, јавен, казино, нарушен, ред, СВр, тепачка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top