Ознака: претседател

wikileaks

Викиликс: Путин се замислува дека е Бетмен а Медведев е Робин

Post Views: 8 Објавите на Викиликс на тајните документи на американската влада, открија интересен начин на кој САД ги опишуваат водачите на земјите во светот. Така, италијанскиот премиер Силвио Берлускони е опишан дека има “блиска врска“ со рускиот колега, која ги мачи САД. Берлускони и Путин се пријатели веќе пет години, честопати се состануваат и се гостуваат на празници. САД ги мачело договорот на италијанската енергетска компанија ЕНИ и рускиот “Газпром“, за јужниот гасовод. Се потенцира “мекиот“ став на Берлускони кон Русија за време на воениот конфликт со Грузија. Италијанскиот...

Continue reading

George W. Bush

Џорџ Буш помладиот, алкохоличар

Post Views: 4 Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот во мемоарите кои треба да излезат во ноември признава дека бил алкохоличар, но тврди дека пиењето го оставил „одеднаш“. Буш минатата ноќ на една конференција во Далас изнесе дека книгата „Клучни одлуки“ почнува со анегдота дека неговата жена Лора барала тој да избере: или таа, или алкохолот. Буш како што рекол пред присутните, тогаш сфатил дека е зависник и престанал да пие што му овозможило и да се кандидира за претседател на САД, Буш помладиот во книгата ги анализира клучните одлуки во неговиот живот, пред да...

Continue reading

Легендата на Барса осуден на три години затвор

Post Views: 4 Поради даночни измами и перење пари е осуден на три години и еден месец, легендарноит романски фудбалер Георге Попеску. Освен Попеску, осудени се уште седумина романски фудбалски работници. Неправосилната пресуда е донесена уште во 2012 година но овој вторник е потврдена од жалбениот суд во Букурешт. Тоа е воедно и поледната инстанца, па Попеску и останатите немаат право на жалба. Главната причина се трансферите на 12 фудбалери кои се случиле во периодот од 1999 до 2005 година. Осуммината осуденици ја оштетиле државата за 1,7 милиони евра така што пријавувале помали...

Continue reading

eu

Во ЕУ – Ден на жалост

Post Views: 6 Европската унија го прогласи понеделник 12 април за ден на жалост поради несреќата во која загина полскиот претседател Лех Качински и уште 96 лица, соопштено е во Мадрид. Шпанија, како претседавач на ЕУ, соопшти дека во седиштето на сите институции знамињата ќе бидат спуштени на пола копје и дека сите состаноци предвидени за понеделник ќе почнуваат со минута молчење. Одлуката за Ден на жалост во Брисел донесена е на состанокот на шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос и претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпеј. Во Полска прогласена е седмодневна...

Continue reading

Leh i Marija Kacinski

Полскиот претседател Лех Качински загина во авионска несреќа

Post Views: 1 Претседателот на Полска Лех Качински загинал денеска во авионска несреќа во западниот дел на Русија. Како што јавија агенциите, авионот со 87 патници се урнал при слетувањето во градот Смоленск. Гувернерот на регионот Смоленск Сергеј Антуфијев потврди дека несреќата не ја преживеало ниту едно лице. Авионот од типот тупољев 154, кој летал од Варшава за Смоленск, при слетувањето се залетал во крошни од дрва по што паднал на земја и се запалил. „Во авионот покрај претседателот на Полска биле и неговата сопруга, началникот на генералштабот на полската војска и заменик министерот...

Continue reading

Evo Morales

Ево Моралес реизбран за претседател на Боливија

Post Views: 2 Актуелниот боливиски претседател Ево Моралес синоќа објави дека победи на претседателските избори, а опозицијата го призна поразот. Според неофицијалните резултаи Моралес добил поддршка од 62 проценти од гласачите, додека за неговиот политички опонент десничарскиот кандидат Манфред Рејес Вија гласале 23 отсто.Моралес, поздравувајќи ги своите приврзаници насобрани пред претседателската палата изјави дека Боливија тргнала по патот на изградба на „социјализмот на 21 век“.    Според првичлните резултати владејачката партија „Движење за социјализмот“ освои мнозинство и во...

Continue reading

Herman Von Rompuy

Првиот претседател на ЕУ ќе стапи на должност на 1 јануари 2010

Post Views: 5 Новоизбраниот претседател на Европската унија -белгискиот премиер Херман ван Ромпуј, изјави синоќа на прес-конференција дека ќе стапи на новата должност на 1 јануари 2010 година. – Ја преземам функцијата претседател на ЕУ со убедување и ентузијазам, истакна Ван Ромпуј.Според него, изборот за прв претседател и прв шеф на дипломатијата на ЕУ ставил крај на институционалната криза на ЕУ, која започна со неуспехот на проектот за Уставот во 2005 година. – Дискусиите за институционална криза завршија за подолг временски период, истакна тој. Ван Ромпуј ги посочи...

Continue reading

EP

ЕУ го избира првиот претседател

Post Views: 1 Европската унија (ЕУ) ќе одржи денеска средба на врвот, на која што треба да бидат избрани првиот претседател и првиот министер за надворешни работи на Унијата. Двете нови функции се предвидени во Лисабонскиот договор, што треба да стапи на сила на 1.декември оваа година, откако беше ратификуван од сите 27 земји членки на ЕУ. Шведското претседателство јасно стави до знаење дека сака „силни лидери“ на чело на Унијата. Некои од земјите членки на ЕУ, како што се Франција и Германија, би сакале на чело на Унијата да застане личност со лидерско, но и меѓународно искуство,...

Continue reading

Ante Gotovina

Анте Готовина ќе биде кандидиран за претседател на Хрватска

Post Views: 1 Невладината организација Хрватско културно движење ќе ја објави кандидатурата за претседател на Хрватска на генералот Анте Готовина, кој е обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, извршени врз Срби за време на операцијата „Бура“. Организацијата на 19 септември организира „Втор собир на родољубивите Хрвати“, на кој официјално ќе биде објавена кандидатурата на Готовина за претстојните претседателски избори.Тројца хрватски генерали – Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач, се судат за воени злосторства, извршени за време на операцијата „Бура“, во која,...

Continue reading

Mahmud Ahmadinejat

Махмуд Ахмадинеџад старо нов претседател на Иран

Post Views: 6 Махмуд Ахмадинеџад е реизбран за претседател на Иран, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на резултати од пребројувањето на гласачките ливчиња. И покрај фактот дека пребројувањеро на гласачкиот материјал не е завршено. Ахмадинеџад веќе има 18,3 милиони гласови, а неговиот главен соперник – поранешниот умерен премиер Мир Хосеин Мусави има 8,9 милиони гласа. Во проценти тоа значи 65,24 отсто наспроти 31,83 отсто од преброените 77,13 проценти од гласачките ливчиња. Според официјални податоци, излезноста беше околу 75 до 80 проценти од лицата со право на глас,...

Continue reading

Generalno sobranie

Али Абдусалам – новиот претседател на Генералното собрание на ОН

Post Views: 2 Али Абдусалам е новиот ротационен претседател на Генералното собрание на ОН. Треки, кој беше избран со овации да раководи со 64-та сесија на Генералното собрание, е поранешен министер за надворешни работи на Либија и досега трипати беше постојан претставник на северноафриканската држава во ОН. Во изјавата по изборот новиот претседател им се заблагодари на земјите-членки и изјави дека неговата идна работа ќе зависи од соработката на секој член на Генералното собрание, без да изразува пристрасност кон определени групи земји. – Мојата главна девиза ќе биде праведноста,...

Continue reading

Tamilski Tigri

Шри Ланка официјално ќе прогласи победа над Тамилските тигри

Post Views: 3 Претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапакса и официјално ќе прогласи победа на оружените сили над Ослободителните тигри на тамилскиот Елам. Конфликтот меѓу властите во Шри Ланка и Тамилските тигри траеше 25 години, а бунтовниците ја загубија четвртвековната борба за создавање независна држава. Претходно властите соопштија дека во борбите го убиле лидерот на Тамилските тигри, Велупилај Прабакаран. Обединетите нации и САД го поздравија крајот на војната и повикаа земјата да им помогне на цивилите кои се најпогодени.             {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top