Првиот претседател на ЕУ ќе стапи на должност на 1 јануари 2010

Новоизбраниот претседател на Европската унија -белгискиот премиер Херман ван Ромпуј, изјави синоќа на прес-конференција дека ќе стапи на новата должност на 1 јануари 2010 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
Herman Von Rompuy
Херман Вон Ромпуј

Новоизбраниот претседател на Европската унија -белгискиот премиер Херман ван Ромпуј, изјави синоќа на прес-конференција дека ќе стапи на новата должност на 1 јануари 2010 година.

Herman Von Rompuy– Ја преземам функцијата претседател на ЕУ со убедување и ентузијазам, истакна Ван Ромпуј.
Според него, изборот за прв претседател и прв шеф на дипломатијата на ЕУ ставил крај на институционалната криза на ЕУ, која започна со неуспехот на проектот за Уставот во 2005 година. – Дискусиите за институционална криза завршија за подолг временски период, истакна тој.

Ван Ромпуј ги посочи вработувањето и зачувувањето на животната средина како најактуелни проблеми на Европа, за чие решавање треба да се преземат итни мерки.
Тој исто така истакна дека Европската унија треба да игра „важна улога“ во светски рамки, и ги поддржа плановите за понатамошно проширување на Унијата.

Ван Ромпуј оцени дека ЕУ трева да продолжи да се проширува, примајќи нови држави, под услов тие да ги исполнат неопходните критериуми.
Првиот шеф на дипломатијата на ЕУ истакна од своја страна дека за неа е „чест и привилегија“ да ја заземе функцијата висок претставник за надворешна политика на ЕУ.
– Јас бев првата жена која стана претставник на Велика Британија во Европската комисија, и првата жена која стана комесар, одговорен за трговија. Горда сум дека станав и првата жена која ја зазеде функцијата висок претставник за надворешна политика, рече таа.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо истакна на прес-конференција дека „не можел да биде направен подобар избор на ново раководство на ЕУ“. Баросо го поздрави белгискиот премиер Ван Ромпуј и еврокомесарот за трговија Кетрин Ештон за нивниот избор за новите функции.  
Францускиот претседател Никола Саркози исто така ја изрази поддршката за новоизбраниот претседател на ЕУ, истакнувајќи дека лидерите на Унијата направиле „прекрасен избор“. Според него, консензусот за изборот на Ромпуј бил постигнат „брзо и безболно“.
– Херман ван Ромпуј е една од најсилните европски фигури, рече Саркози.
Британскиот премиер Гордон Браун изрази задоволство од фактот дека првиот висок претставник за надворешна политика на ЕУ е претставник на Велика Британија. Изборот на Катрин Ештон гарантира дека гласот на „Велика Британија ќе се слуша подобро во Европа“, истакна тој.               
Вашингтон го поздрави назначувањето на првиот претседател и првиот висок претставник за надворешна политика на ЕУ.
Новите раководни функции „ќе ја зајакнат Европската унија и ќе и дозволат да биде посилен партнер“ на САД, се вели во соопштението на Белата куќа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top