Легендата на Барса осуден на три години затвор

Ја оштетил државата за 1,7 милиони евра

 |  инфодеск  | 

Поради даночни измами и перење пари е осуден на три години и еден месец, легендарноит романски фудбалер Георге Попеску.

Освен Попеску, осудени се уште седумина романски фудбалски работници. Неправосилната пресуда е донесена уште во 2012 година но овој вторник е потврдена од жалбениот суд во Букурешт. Тоа е воедно и поледната инстанца, па Попеску и останатите немаат право на жалба.

Главната причина се трансферите на 12 фудбалери кои се случиле во периодот од 1999 до 2005 година. Осуммината осуденици ја оштетиле државата за 1,7 милиони евра така што пријавувале помали отштети од оние кои навистина ги плаќале странските клубови за фудбалерите, па со тоа автоматски плаќале помал данок.

За Попеску пресудата е посебно шокантна затоа што се споменувал за сериозен кандидат за претседател на фудбалскиот сојуз на Романија, а таа функција требало да ја превземе на крајот на оваа недела. Но, очигледно следните три години ќе има друга работа…

Попеску за романската репрезентација имал 115 настапи, а го носел дресот на Универзитатеа, Стеауа, ПСВ, Тотенхем, Барселона во која бил и капитен, Галата Сарај, Лече, Динамо Букурешт и Хановер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top