Ознака: предлог

Нова рунда преговори најавува Нимиц, конкретен предлог сеуште не е на повидок

Post Views: 9 Медијаторот Метју Нимиц во наредните десетина дена ќе свика нова рунда разговори за да ги слушне финалните оценки на Македонија и на Грција за неговите идеи за решавање на спорот за името што ги изнесе на последната средба со преговарачите на двете земји. Нимиц по средбата со претседателот Бранко Црвенковски што се одржа доцна синоќа по македонско време во Њујорк, не прецизира дали на следната рунда разговори ќе излезе со формален предлог. „Ќе разговарам со претставниците на двете земји и ќе решиме што ќе правиме. Ако има нов предлог ќе бидете известени“, рече медијаторот....

Continue reading

Во домот до 4ца гости и носење маска на отворено, дел од новите предлог мерки на Комисијата за заразни болести

Post Views: 11 364 нови случаи на Ковид 19 во нашата земја, нов неславен рекорд  од почетокот на епидемијата.  Министерот за здравство, Венко Филипче, соопштувајќи ја денешната бројка на позитивни на  вирусот  кажа дека состојбата се уште е стабилна  но дека лесно може да ескалира.   Соопшти дека врз основа на анализите здравствените власти донеле одлука за препорака на нови мерки со цел спречување на ширење на вирусот. „Забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови, односно, се забранува групирање на граѓаните во домовите, слави. Во едно живеалиште стан...

Continue reading

pregnancy

Казни за трудниците што пушат или пијат

Post Views: 1 Новиот предлог-закон на бремените Украинки им забранува да запалат цигара или испијат алкохолен пијалок во текот на бременоста, во спротивно им се заканува казна. Иако некои идни мајки не ни помислуваат на цигара, на други им е претешко да се откажат од оваа навика. Ниту на идните татковци не им е лесно, па така еден и рекол на својата сопруга по нејзиниот тридневен непушачко-труднички стаж дека „или повторно да почне да пуши или сите ќе полудат“. Украинските пратеници кои бараат овој закон да биде изгласан во Парламентот истакнуваат дека заканата со казни би можела...

Continue reading

smoking

Цигарите во иднина само на рецепт?

Post Views: 2 Законскиот предлог што го разгледува исландскиот парламент предвидува пушењето да се прогласи за зависност, а тоа значи дека кон пушачите ќе треба да се однесуваат како кон болни луѓе кои редовно треба да посетуваат лекар, а цигарите ќе ги добиваат во аптека. Во согласност со предлогот, лекарите би требало да ги поттикнуваат пациентите да престанат со пушење и да ги праќаат на сеанси за одвикнување,а доколку тоа не помогне ќе им препишуваат цигари. Доколку би биле прогласени за пациенти, пушачите не би ги добивале цигарите бесплатно, туку би ја плаќале нивната пазарна...

Continue reading

Советниците ќе гласаат за предлог Студенчишко блато да се прогласи за заштитено подрачје

Post Views: 6 Во четврток градските советници ќе ја одржат 45тата седница на совет. На дневен ред предлагање Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – “Парк на природата”. Охридските советници во четврток ќе гласаат за предлагање Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – “Парк на природата”. Предходно на дневен ред е разгледување и усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. На 45тата седница на дневен ред се...

Continue reading

Egipet

На новородената ќерка и го дал името facebook

Post Views: 1 Според еден од најпопуларните египетски весници, Ал Ахрам, неименуваниот египќанец кој има околу 20-тина години, во знак на благодарност за улогата која социјалните интернет медиуми ја имаа во уривањето на режимот на Мубарак, на својата ќерка ѝ го дал името Фејсбук Џамал Ибрахим.Во моментов Египет има најголема Фејсбук популација во споредба со останатите држави во Северна Африка. Иако, во египетската револуција своја улога имаа и YouTube, Twitter или Google (ете предлог за имиња на други деца), очигледно Фејсбук беше алатката со која најбрзо се ширеше пораката за слобода...

Continue reading

Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето

Post Views: 7 Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Од Националната установа имаат првичен предлог отворањето на јубилејното 60-то издание да биде на 4 август кога е роденденот на фестивалот. Од Националната установа ги чекаат насоките од Владата и Министерството за култура, информира Наташа Поповиќ, директор на Фестивалот Охридско лето.  „Одлучивме, но тоа секако е предлог, Фестивалот Охридско лето кога оваа година слави јубилеј, да се отвори на 4 август, кога почнал пред 6 децении и е роденден на фестивалот. Но, чекаме да се прогласи крај на пандемијата...

Continue reading

toples

Штета, нема топлес девојки низ градот

Post Views: 1 Повеќето жители на гратчето Питсфилд, во западниот дел на сојузната американска држава Масачусетс, гласаа против предлогот жените да шетаат топлес на јавни места. На гласањето 2.934 жители се изјасниле за, наспроти 6.855-те против. Но, иницијаторот за овој предлог, Кетрин Гунделфингер, најави дека ова гласање сигурно нема да биде последно на оваа тема. Повеќето граѓани би гласале „за“ предлогот ако се работи за топлес на плажите. Во оваа сојузна држава голотијата на јавни места се казнува со 150 долари и(ли) шест месеци затвор.{loadposition content9}

Continue reading

Студентски парламент: Предлог законот за трансформација на УИНТ „Св.Апостол Павле“ целосно ги руши сите наши желби, права и идеали

Post Views: 11 Студенти при Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство „Свети Апостол Павле“ од Охрид, денеска се собраа со цел да покажат дека се против предлог законот за измена и транформација на Универзитетот. Тие велат дека новото законско решение го прекршува нивното право  редовно да напредуваат, да се образуваат и да го завршат студирањето под услови кои важеле при уписот на овој државен универзитет. „Овој предлог закон целосно ги руши сите наши желби, права и идеали со кои сме се запишале на овој Универзитет, па како таков е екстремно штетен доколку биде...

Continue reading

Нов предлог закон за дополнително да се финансира проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид

Post Views: 9 Владата на РСМ на редовната 161 седница, го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и донесе заклучок тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 170 од Деловникот на Собранието. Целта на Предлогот на Закон за гаранција е да се повлечат неопходните средства...

Continue reading

ВМРО – Народна партија од Охрид ќе поднесе предлог иницијатива за изградба на Музеј на Езерото

Post Views: 0 Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство низ флората и фауната поседува Охридското Езеро. Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и секако ќе претставува нова туристичка понуда.

Continue reading

Фронт 21/42 алармира се изигрува донесувањето на предлог законот за управување со Охридскиот регион

Post Views: 1 Од Фронт 21/42 реагираат дека се напуштаат целите на предлог законот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион. Информираат дека вчера без присуство на јавноста се одржала седница на собраниската Комисија за култура, а тие кои учествува во рабоата на нацрт законската верзија се изиграни со тоа што на предлог-законот му се додале работи за кои воопшто претходно не станало збор. Работните групи при изработката на нацрт Законот никогаш не зборувале да се вклучи член од Министерството за политички систем , а нити да се применува Бадентеровиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top