На новородената ќерка и го дал името facebook

Еден египќанец, како сеќавање на револуцијата од 25 јануари, на својата новордена ќерка ѝ го дал името Фејсбук.

 |  Маја Савиќ  | 
Egipet
Египет демонстранти

Според еден од најпопуларните египетски весници, Ал Ахрам, неименуваниот египќанец кој има околу 20-тина години, во знак на благодарност за улогата која социјалните интернет медиуми ја имаа во уривањето на режимот на Мубарак, на својата ќерка ѝ го дал името Фејсбук Џамал Ибрахим.
Egipet
Во моментов Египет има најголема Фејсбук популација во споредба со останатите држави во Северна Африка. Иако, во египетската револуција своја улога имаа и YouTube, Twitter или Google (ете предлог за имиња на други деца), очигледно Фејсбук беше алатката со која најбрзо се ширеше пораката за слобода и не само Египет, туку во целиот регион зафатен од протестите.

По оставката на Хосни Мубарак, низ Каиро насекаде имаше графити “Благодариме Фејсбук“. Во меѓувреме, новото воено водство на државата интензивно го користи Фејсбук за да им се приближи на младите во Египет, а истото веќе го направило и египетското МВР.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top