Казни за трудниците што пушат или пијат

Иако некои идни мајки не ни помислуваат на цигара, на други им е претешко да се откажат од оваа навика.

 |   | 
pregnancy
pregnancy

Новиот предлог-закон на бремените Украинки им забранува да запалат цигара или испијат алкохолен пијалок во текот на бременоста, во спротивно им се заканува казна.

Иако некои идни мајки не ни помислуваат на цигара, на други им е претешко да се откажат од оваа навика.

Ниту на идните татковци не им е лесно, па така еден и рекол на својата сопруга по нејзиниот тридневен непушачко-труднички стаж дека „или повторно да почне да пуши или сите ќе полудат“.

Украинските пратеници кои бараат овој закон да биде изгласан во Парламентот истакнуваат дека заканата со казни би можела да го зголеми нивото на индивидуална одговорност, а со нив се согласуваат и повеќето доктори.

Меѓутоа, украинските борци за човекови права го сметаат овој предлог-закон за дискриминарчки, имајќи предвид дека цигарите и алкохолот се штетни за сечие здравје. а не само за здравјето на бремените жени и нивните бебиња, па затоа инсистираат парламентарците повеќе да обрнат внимание на пасивното пушење.

Без разлика на предупредувањата на научниците ширум светот, се проценува дека во развиените земји пушат околу 15 отсто од бремените жени.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top