• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Советниците ќе гласаат за предлог Студенчишко блато да се прогласи за заштитено подрачје

Советниците ќе гласаат за предлог Студенчишко блато да се прогласи за заштитено подрачје

Во четврток градските советници ќе ја одржат 45тата седница на совет. На дневен ред предлагање Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – “Парк на природата”.

 |   | 

Во четврток градските советници ќе ја одржат 45тата седница на совет. На дневен ред предлагање Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – “Парк на природата”.

Охридските советници во четврток ќе гласаат за предлагање Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – “Парк на природата”. Предходно на дневен ред е разгледување и усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје.

На 45тата седница на дневен ред се измени на неколку програми со цел измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2020 година. Советниците ќе одлучуваат за реалокација на средства кај програмата за спорт и рекреација, програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за годинава, програмата за социјална заштита, развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за период од 2020 -2022 година и развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020-2022 година.

На седницата ќе биде донесена и одлука за давање согласност на општина Охрид за одобрување финансиска помош за градот Нови. Пазар во Република Србија кој беше погоден од епидемијата на корона вирусот.

Помеѓу 17 те точки на дневен ред ќе се гласа и по предлогот за ослободување од партиципација на деца кои посетуваат градинка во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и предлог измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022. Како последна точка на дневен ред се Советнички прашања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top