Ознака: плажи

logo

Црвен крст и лајонистите ќе ги чистат плажите со пристап само од вода

Post Views: 2 Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона  ја создава сметот-отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, ги поттикна волонтерите на Црвен крст Охрид, во соработка со ЈП Охридски Комуналец Охрид и со поддршка од Лајонс клубот Gathenhielm од Гетеборг, да организираат еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите. Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се...

Continue reading

плажи

Две плажи на охридскиот брег ќе останат без концесионер

Post Views: 0 Две плажи на охридското  крајбрежје ќе ги загубат концесиите.   Во вчерашната контрола 2-ца  инспектори направиле увид на 10 плажи. Концеионер на една од плажите немал уплатено закуп за 2014 година, додека другите две не ги испочитувале законските обдредби, информира Николче Милески од Општинскиот инспекторат.„ Кај 3 од 10 плажи беа утврдени неправилности.Една од плажите веднаш по сугестиите на инспекторите ги одстрани неправилностите . Другата плажа не го почитуваше договорот со обезбедување на слободен простор од 40 посто за капачите и имаше поставено урбана опрема...

Continue reading

spasiteli

Половина од охридските и струшките плажи без спасители на вода

Post Views: 16 На плажата пред хотел Метропол спасен давеник. Вистинскa  драма се одигрувала вчера после 18.30 минути кога 18 годишно момче  почнало да се дави. Неговиот татко се обидел да го спаси,  но безуспешно. Спасителот на вода ангажиран на плажата кој случајно останал по истекот на неговото работно време го спасил момчето. Горан Миланоски , координатор на центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид   и помлад национален инструктор за спаување на вода , наведува дека најчести причини   за давење во вода се паниката и грчот во мускулите. Веднаш зад овие две причини се...

Continue reading

plaza

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Post Views: 6   Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите. Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се...

Continue reading

plaza

Нема тендер за концесија на струшките плажи

Post Views: 5 Сеуште нема ништо од издавање на струшките плажи под концесија. Туристичката сезона започна а тендерот за нивно издавање, и по еден месец  не е објавен. Од Локалната самоуправа од Струга велат дека  процедурата е во тек. Документацијата е прибрана, на  ред е министерството за транспорт и врски, од каде треба да го објават тендерот за издавање на плажите под концесија.Од ресорното министерство иако ни ветија дека ќе добиеме одговор што се случува со струшките плажи и овој пат не извисија. Не одговараа на телефонскиот повик. Во меѓувреме, додека се чека официјалниот тендер...

Continue reading

Стружани бараат на плажите да има спасувачи на вода

Post Views: 6 Струшките плажи чекаат спасувачи на вода. Со стартот на сезоната се поголем е бројот на посетители на плажите  со што се зголемува и ризикот од несреќни случаи. Иако минатото лето во Струга помина без спасувачи на вода, граѓаните велат овој пат, обучени лица мора да се грижат за безбедноста на капачите.Во Струшкиот регион има потреба на плажите да има спасувачи на вода. Поучени од претходните години кога во градов за време на летото имавме неколку случаи на давеници, мора навреме да интервенираме ова лето да се реши овој проблем, вели портпаролот на СВР, Охрид,  Стефан...

Continue reading

sank

Струшките плажи под закуп на 5 години

Post Views: 4 Се дефинираат последните подготовки до официјалното објавување на тендерот за издавање под концесија на истите. Привршуваат преговорите за издавање на струшките плажите под концесија. Градоначалникот Рамиз Мерко, со утрешната средба со министерот за екологија, ќе ги дефинира последните подготовки за објавување на долго очекуваниот тендер за издавање под закуп на струшкото крајбрежје. И по многуте препукувања годиниве  наназад, ресорните министерства и Локалната самоуправа најдоа приближни ставови околу критериумите кои треба да ги содржи тендерот. Градоначалникот информира...

Continue reading

sank

Струга со чисти плажи

Post Views: 1 „Нема да дозволиме крајбрежјето да се претвори во депонија, но за услугите ќе бараме да ни плати ресорното министерство“, вели директорот на ЈП.Комунално од Струга. „Ако не сакаат со спогодба, ќе им ги бараме парите по судски пат“, додава директорот. „Сеуште не се дефинирани ингеренциите за превземање на овие активности, но во никој случај нема да дозволиме плажите да се претворат во депонии“, вели директорот на ЈП Комунално. Покрај собирањето на сметот, ќе се уредуваат  зелените површина покрај пешачките патеки и ќе се чисти обраснатата трева од плажите, информира...

Continue reading

sank

Нередие на струшките плажи

Post Views: 31 Во последниов период интензивно, нелегално се  уредува крајбрежјето. Педалинки има на секој чекор, времени објекти поставува кој што ќе стигне. Деновиве шанк се поставува на самото пристаниште, на машка плажа, реагираат од Хотел Дрим. Од таму велат, доколку дојдат гости кои сакаат Струга да ја посетат со брод нема каде да слезат, пристаништето е узурпирано. Бидејќи сега плажите се во споственост на Р. Македонија, како може државава да го дозволи ова? се прашуваат од Хотел Дрим. Бараат од Mинистерството за транспорт и врски што поскоро да објави конкурс за издавање на...

Continue reading

plaza

Сеуште нема тендер за струшките плажи

Post Views: 0 Министерството за транспорт и врски сеуште нема распишано тендер за струшките плажи да се  дадат под концесија. Поголемиот број сопственици на хотелски објекти кои се наоѓаат на самиот кеј реагираат бидејќи гостите кои ќе отседнат кај нив не можат да уживаат во благодетите на уредена плажа. ТвM во повеќе наврати се обиде да стапи во контакт со портпаролот на министерството со цел да дознаеме до каде се работите околу тендерот,но безуспешноВо наредните изданија на дневникот на ТвM ќе ја обработиме подетално темата околу сосдтојбата наструшките плажи. {loadposition content9}...

Continue reading

plaza

Четири охридски плажи издадени под концесија

Post Views: 9 Четири атрактивни плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро, се доделија под концесија. Постапката за јавно наддавање на 5 плажи заврши на 7 октомври оваа година информира општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Една плажа не е издадена поради некомплетна документација, додава тој. Џамтоски обелоденува дека на јавното наддавање кое се однесува за сите понудени плажи, почетната цена од 80 денари за метар се зголемила на 90 денари, а што се однесува на заинтересираните лица, имало толку понудувачи колку што е и бројот на плажите кои се издаваа под концесија. „Издаени...

Continue reading

plaza

Само половина од плажите на охридската ривиера безбедни за капачите

Post Views: 7 Моментално на половина од плажите на охридското и струшкото крајбрежје, капачите влегуваат во вода на сопствен ризик. Некои од плажите најавиле дека ќе создадат безбедни услови , секако во зависност од тоа како нив им одговара, а не на оние кои ги користат капалиштата. Но, како вели онаа народната, „Ѓаволот ниту ора ниту копа“. Пред само неколку дена инцидентот со момче од Гостивар, кое за малку ќе страдаше во водите на Охридското Езеро на плажата кај Св. Стефан, повторно го актуелизира прашањето за безбедноста на плажите чиишто концесионери и покрај законските одредби,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top