Нема тендер за концесија на струшките плажи

Од  министерството за транспорт и врски молк. И овој пат не ни одговорија кога ќе се објави тендерот.

 |  Билјана Колоска  | 
plaza
плажа

Сеуште нема ништо од издавање на струшките плажи под концесија. Туристичката сезона започна а тендерот за нивно издавање, и по еден месец  не е објавен. Од Локалната самоуправа од Струга велат дека  процедурата е во тек. Документацијата е прибрана, на  ред е министерството за транспорт и врски, од каде треба да го објават тендерот за издавање на плажите под концесија.
Од ресорното министерство иако ни ветија дека ќе добиеме одговор што се случува со струшките плажи и овој пат не извисија. Не одговараа на телефонскиот повик.

plazaВо меѓувреме, додека се чека официјалниот тендер за издавање на  плажите, на крајбрежјето  профитира кој што ќе стигне. Дел од плажите веќе се уредени.
Во анкетата која ја направивме, туристите кои се дојдени во Струга воглавно се задоволни од уреденоста на плажите.

Очекувано, поголемиот дел од крајбрежјето е подготвено за сезоната, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Плажите пред хотелите секое лето биле уредени, така и сега. Штом заврши тендерот и се знаат концесионерите, Локалната ќе интервенира да се среди хаосот по плажите, засега ќе биде вака, информира градоначалникот.

Во Струга се шпекулира дека најверојатно тендерот за издавање на плажите под концесија ќе се објави дури во Септември , штом заврши сезоната. Блиски извори на ТВм информираат дека веќе било договорено кои ќе бидат концесионерите на струшките плажи.

Градоначалникот пак не прецизира кога би се објавил тендерот, но додава оти без разлика кога и да заврши процедурата за издавање на струшките плажи под концесија, тие  ќе си ја завршеле нивната  задача.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top