Четири охридски плажи издадени под концесија

До 24 октомври во општинската каса ќе се слеат средства, кои доаѓаат од официјалните концесионери на 4 елитни плажи „Акапулко“, „Атлантик“, „Корали“ и „Перко“.

 |  Николоска Биљана  | 
plaza
плажа

Четири атрактивни плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро, се доделија под концесија. Постапката за јавно наддавање на 5 плажи заврши на 7 октомври оваа година информира општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски.plazi Една плажа не е издадена поради некомплетна документација, додава тој. Џамтоски обелоденува дека на јавното наддавање кое се однесува за сите понудени плажи, почетната цена од 80 денари за метар се зголемила на 90 денари, а што се однесува на заинтересираните лица, имало толку понудувачи колку што е и бројот на плажите кои се издаваа под концесија.

„Издаени се плажите дефинирани како плажа број 8, 9,10,11. За плажата број единствен и најдобар понудувач беше фирмата „Легенда плус“, Охрид, за плажата број 9 победи Зор  Палче ДОЕЛ од Охрид, за плажа број 10 Џулиет 92 ДОЕЛ Охрид и за плажа бр 11 ја доби физичкото лице Илче Џепароски“.

Договорот за доделување на плажите под концесија е склучен на 5 години, со обврска понудувачите односно идните концесионери сумата за една година во целост да ја платат во даден временски рок, вели Џамтоски.

plaza„Луѓето кои ги добија на концесија овие плажи треба во рок од 15 дена, како што реков до 24 октомври да ја уплатат сумата. Таа изнесува од најмалата плажа од 274  310 ден постигната цена, до онаа која е со најголема квадратура од 5 082 метри квадрати а цената е 457 380 денари“.

Со преземањето на ингеренциите за управување на земјиштето вдолж Охридското Eзеро, Локалната самоуправа ги потсетува закупците дека, согласно потпишаниот договор, меѓу другото имаат обврска и мора да се придржуваат кон режимот на користење на плажите да биде согласно Oдлуката на Советот на општина Охрид, а во зависност од локацијата и околниот простор, како не би се нарушило нормалнотo користење на околните објекти; при планирање на просторот, 40% -60% од плажата да биде слободен за користење без оптоварување со лежалки и други реквизити. Локалната самоуправа нема да толерира отстапување од Договорот и ќе инсистира на негово доследно спроведување. Доколку се отстапува од обврските кои ги прифатиле, Oпштина Охрид има законска обврска да го санкционира таквото однесување, а истовремено напоменува дека согласно член 7 ќе поведе постапка за еднострано раскинување на Договорот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top