Струшките плажи под закуп на 5 години

Се дефинираат последните подготовки до официјалното објавување на тендерот за издавање под концесија на истите.

 |  Билјана Колоска  | 
sank
шанк

Се дефинираат последните подготовки до официјалното објавување на тендерот за издавање под концесија на истите.

Привршуваат преговорите за издавање на струшките плажите под концесија. Градоначалникот Рамиз Мерко, со утрешната средба со министерот за екологија, ќе ги дефинира последните подготовки за објавување на долго очекуваниот тендер за издавање под закуп на струшкото крајбрежје.

И по многуте препукувања годиниве  наназад, ресорните министерства и Локалната самоуправа најдоа приближни ставови околу критериумите кои треба да ги содржи тендерот. Градоначалникот информира дека правилникот кој општината го изготви пред две години ,е прифатен од страна на министерот за транспорт и врски,   и речиси истите услови ќе се бараат и при објавување на тендерот, кој дефинитивно се очекува да се објави следната недела.

plaza„Правилникот е речиси ист освен што променивме наместо на 2 плажите да се ииздаваат под концесија на 5 години“-вели градоначалникот Рамиз Мерко.

Тој и министерот за транспорт и врски постигнале компромис и за проблемот кој ја мачеше општина Струга. Парите кои ги инвестира Локалната самоуправа во уредување на плажите во висина од 2 милионини денари ќе бидат надоместени, информира градоначалникот. За возврат на тоа, договорено е Владата и ресорното министерство од буџетот да одвојат пари за уредување на другите палажи во Струга кои речиси се целосно запуштени.

„Во тие плажи припажаат оние кои се на потегот во населбата „Езерски Лозја“, кон селата Калишта и Радожда. За нивното уредување државата треба да инвестира онолку пари колку што потроши општината“-вели Мерко.

Нивното уредување ќе започне штом добиеме зелено светло, вели Мерко. Тој не очекува дека ова лето истите ќе бидат уредени како и останатите, но е убеден дека следната година ќе бидат подготвени за домашните и странски гости.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top