Ознака: пари

cinar Ohrid

Стариот Чинар утрово се преполови

Post Views: 1 Утрово се скрши една масивна гранка со што 11 века старото дрво буквално се преполови. Охриѓани кои ја видоа тажната глетка резигнирано коментираа, дрвото кое трпело и време и невреме илјада години не не истрпи нас и нашата негрижа. За волја на вистината Чинарот веше во неколку наврати саниран и конзервиран, но очигледно сето тоа не беше доволно за тој да ги поднесе врнежите од снег и дожд кои паднаа деновиве. Надлежните излегоа на терен. Инспекторот Игор Трајкоски од Државниот инспекторат за животна средина и Вера Рауник од одделението за животна средина при локалната...

Continue reading

grawe osiguruvanje

Митот за животното осигурување

Post Views: 6 Луѓето работат за иднината, за своите деца, за нивното образование. Оттука најчестото прашање кое си го поставуваат е како да ја обезбедат нивната иднина. Одговорот може да го пронајдат во животното осигурување. Навидум тежок за разбирање поим, но во суштина сепак едноставен. Според луѓето од Граве осигурителната компанија, животното осигурување не е само инструмент за заштита, туку и начин на обезбедување на заштеда за некој иден период. Еве што значи тоа. „Со самото тоа што сте направиле животно осигурување во одреден момент, вие имате одредена заштеда. Значи после...

Continue reading

cistenje

Сцената зад света Софија која наликуваше на онаа од приказната со заспаната убавица, веќе ја нема

Post Views: 5   Се подготвува ново пријатно катче за охриѓани и гостите. ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работи на расчистување на просторот позади црквата Св. Софија. Овој дел од градот кој со години беше обраснат со бршлен и грмушки сега ќе биде добро уреден парк со осмислени содржини. Ќе има клупи каде ќе се одмараат намерниците, рефлектори и канделабри за осветлување на просторот во кој ќе има патеки од трева и декоративни грмушки кои ќе се наводнуваат со прскалки. Ова место ќе биде собиралиште и на децата. Во моментов во паркот се поставуваат инсталациите за струја и вода....

Continue reading

socijalna

Упад во стан

Post Views: 2 Провалник искористил згодна прилика и извршил упад во стан додека во него спиеле три малолетни деца. Вратата од станот била отклучена, така што провалникот  при влегувањето ги одзел клучевите од влезната врата на станот, како и клучот од главната врата на зградата. Сопственичката на станот за овој настан веднаш ја известила полицијата, така што екипа на СВР веднаш по пријавувањето  пристигнала на лице место на упадот и извршила увид. Видно вознемирена мајката на трите малолетни деца, поради објективни причини не сакаше да зборува пред нашата камера, но рече дека провалникот...

Continue reading

solaren sistem

Граѓаните сакаат соларна енергија ама немаат пари за инвестирање

Post Views: 0 Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови. За Владината објава, од пред два месеци за поддршка на инсталирање на соларни системи  со 30 посто од вредноста на инвестицијата и најмногу до 300 евра, имало над 1500 апликации. Но, само 300 граѓани од земјава,  по системот на  лотарија, добиле субвенција. Граѓаните покажуваат интерес за користење на соларната  енергија како еден од начините за намалување на високите трошоци од семејниот буџет за потрошената електрична енергија ама немаат доволно пари самостојно да инвестираат....

Continue reading

sednica

Привилегирани советници

Post Views: 0 Гратис мобилни телефони и гратис картички за паркинг, за кого како. Според најновите сознанија кои деновиве за ТВМ јавно ги соопшти координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, во Локалната самоуправа спроведени се активности за набавка на мобилни телефони и картички за гратис паркирање на советниците на мнозинството. Според него тоа е класичен обид за нарушување на демократскиот процес во општина Охрид, конкретно во Советот и ваквиот однос според Паноски трае подолго време.   „Мојата порака и пораката на советниците од опозицијата е јасна, не...

Continue reading

vmro

Еден дожд, извади на површина се

Post Views: 5 Во Охрид не е решено основното прашање, канализацијата и одводната мрежа во градот, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Никола Митровиќ, портпаролот на партијата забележува дека општина Охрид 8 години се дави во неодговорноста и неспособноста на актуелниот градоначалник Александар Петрески, а тешките моменти и последиците од таквата погубна политика директно удира по грбот на народот. „Туристички центар како Охрид да се остави без  изведба и без санација на одводната мрежа во централното градско подрачје е најголем грев на градоначалникот Петрески кон градот. Вчерашната...

Continue reading

sovetnici

Локалната им должи на советниците

Post Views: 2 Локалната на советниците им должи 74 000 ден. Тоа се пари за неисплатени паушали за минатите шест месеци. Висина на паушалот е 70 проценти од просечната месечна нето плата во државава и зависи од големината на општината. Еден паушал на охридските избраници изнесува 14 000ден.  Советниците за својата работа последен пат пари зеле во декември минатата година.  Душко Јаковчески, претседателот на советот вели дека Градоначалникот им ветил дека во текот на летово парите ќе бидат исплатени. Советниците, а особено оние од ВМРО ДПМНЕ бараат што поскоро да им се подмири надоместокот....

Continue reading

francuski filmski festival

Дојде да ја прими наградата, а незнае ништо за Македонија

Post Views: 9 Делата на режисерот  Жак Доајон, повеќе шепотат отколку што викаат, а во одредени филмови има и насилство врз чувствата. Вака накратко човекот кој го прави изборот на филмовите за Францускиот Филмски фестивал Ив Алион го  опиша творечкиот опус на  режисерот и почесниот  гостин на фестивалот  Жак Доајон. Режисерот пак со задоволство раскажа за снимањето на филмот Никаквица, филм кој го снимал пред 1 век. Кажа дека во тоа време многу полесно се снимале филмови и дека не се секогаш парите главни виновници доколку некој филм не е добро прифатен. Пример за ова е токму филмот...

Continue reading

festival

Фестивал на француски филм ќе има

Post Views: 5 Фестивалот на француски филм годинава ќе го одбележи својот мал јубилеј. Се е подготвено за петтото издание на овој фестивал наменет за љубителите на седмата уметност. Иако во јавноста се проширија гласини дека оваа година ќе останеме пократки за едно вакво културно доживување поради немањето пари, фестивалот сепак ќе се одржи. Зоран Велјаноски Летра, член на бордот на директори на ФФФ вели дека нема место за вакви гласини бидејќи финансиската конструкција за овој фестивал е направена уште минатата година кога Министерството за култура издвоило пари од буџетот токму...

Continue reading

cinar

Охридскиот Чинар ќе добие нов силикон

Post Views: 0 Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата конзервација....

Continue reading

vraboteni komunalno

Ќе се штрајкува се до земање плата

Post Views: 0 Во очи на туристичката сезона Струга се затрупува со смет. Продолжува штрајкот на вработените во ЈП Комунално Струга. Надлежните наместо со пронаоѓање на решенија за излез од кризата и подмирување на заостанатите плати на вработените, продолжуваат со мобинг.  Штрајкувачите се категорични дека повеќе не можат да издржат да одат на работа, а за тоа да не добиваа надомест. Тие јавно потврдуваат дека плата одамна не зеле, поточно дека одамна на нивната жиро сметка не бил префрлен надомест. „Зборуваат дека извршителите не можат да постапат по овој случај бидејќи има рамка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top