Фестивал на француски филм ќе има

Се е подготвено за петтото издание на Фестивалот на француски филм.И покрај гласините дека се немало буџет за негова реализација тој ќе се одржи

 |  Јаковлева Лионела  | 
festival
фестивал

Фестивалот на француски филм годинава ќе го одбележи својот мал јубилеј. Се е подготвено за петтото издание на овој фестивал наменет за љубителите на седмата уметност. Иако во јавноста се проширија гласини дека оваа година ќе останеме пократки за едно вакво културно доживување поради немањето пари, фестивалот сепак ќе се одржи.

Зоран Велјаноски Летра, член на бордот на директори на ФФФ вели дека нема место за вакви гласини бидејќи финансиската конструкција за овој фестивал е направена уште минатата година кога Министерството за култура издвоило пари од буџетот токму за оваа намена.glumci

Концептот на фестивалот останува ист. На отварањето ќе се прикаже еден филм од француската продукција. Тоа е филмот Збогување со кралицата кој е посветен на кралицата Марија Антоанета, а специјален гостин ќе биде сценаристот Жил Туран. Зоран Велјаноски Летра, член на бордот на директори на ФФФ вели дека од година во година ќе се трудат да изградат еден подобар имиџ на фестивалот и дека она што беше ветено пред пет години дека овај фестивал ќе го прати примерот на канскиот ќе биде реализирано.

Освен на отварањето публиката ќе има можност да види интересни филмски остварувања и во останатите пет фестивалски денови. На втората, третата, четвртата и петата фестивалска вечер ќе се прикажуваат по два филмови, а ќе има проекции и на кратки документарни филмови. Фестивалот ќе започне на 30 јуни, а ќе заврши на 5 јули кога ќе се прикаже еден француски филм. На фестивалот ќе биде доделена и Златната маска за животно дело.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top