Ќе се штрајкува се до земање плата

Продолжува штрајкот во ЈП Комунално Струга.

 |  Маленкова Татјана  | 
vraboteni komunalno
вработени комунално

Во очи на туристичката сезона Струга се затрупува со смет. Продолжува штрајкот на вработените во ЈП Комунално Струга. Надлежните наместо со пронаоѓање на решенија за излез од кризата и подмирување на заостанатите плати на вработените, продолжуваат со мобинг.  Штрајкувачите се категорични дека повеќе не можат да издржат да одат на работа, а за тоа да не добиваа надомест. Тие јавно потврдуваат дека плата одамна не зеле, поточно дека одамна на нивната жиро сметка не бил префрлен надомест.

„Зборуваат дека извршителите не можат да постапат по овој случај бидејќи има рамка извршување по sлегален пат добиено. Има рамка до 3 милиони, а слушам дека овие два дена се кренело на 4 и пол милиони рамката и дека гледам дека со тоа се смалува можноста за наплата на парите бидејќи тука влегуваат и платата и трошоците на фирмата што значи дека работниците без разлика што имаат извршни решенија не можат да ги наплатат освен со присилно извршување што ќе биде неминовно“, вели претседателот на штрајкувачки одбор, Борче Мижимакоски.

Работниците покрај платите, бараат да им се подмират и трошоците за здравставено и пензиско осугурување. Тврдат дека дел од нив поради немањето на сини картони започнале да се задолжуваат и во медицинските установи. „Огромна невистина и лага е дека ниа сакаме да го затвориме ЈП. Некој друг сака да го направи тоа. Ние само  бараме излез од настанатата ситуација“, додава Мижимакоски.

„Ние сме спремни да работиме 24 часа. И да го доведиме градов до нормала. Но без плата и пари не. Работниците бараат да се исплатат двете плати февруарска и мартовска одма и да потпишеме на нотар за априлсската и мајската да се дадат до 15 јуни и при тоа да нема нова постапка за штрајк“, вели Мижимакоски.

Мижимакоски информира и  за други малверзации кои подолг период се прават во ЈП Комунално Струга. Тој открива дека во 2009 на состанок на кој пристуствувал и тој како претедател на синдкат, потпишале документ, со кој потоа, со одлука на Управен одбор го обврзале раководството на ЈП до крајот на 2010 да се исплатат сите заостанати плати. Но, потоа УО самостојно си донел нова одлука плати на вработените да им се исплаќаат кога фирмата ќе има пари. Мижимакоски јавно запрашува како може УО самостојно да си донесува еднострани одлуки.

Инаку, штрајкот во ова ЈП започна на 03. мај. Истиот беше активиран по предупредувачко писмо испратено пред законските 15 дена до директорот на ЈП, градоначалникот и до советот на општина Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top