Ознака: пари

Ohrid

Каква промоција му треба на Охрид?

Post Views: 17 Промоција во право време и место, клуч за успешен туризам. Експертите сметаат дека воопшто не е важно колку пари е се вложат, туку да се одбере целната група и вистинскиот начин понудата да стигне до нив. „Македонската влада наместо да троши големи суми на пари за промоција на вашата држава на CNN и BBC, од што нема никаков ефект, треба финансиски да ги помага хотелиерите и туристичките агенции.Тоа е единствен начин да се спаси туризмот од колапс, но Македонија мора и да ги намали и цените  на сопствените аранжмани“, вели Бранко Кривокапич претседател на хотелската...

Continue reading

Боцевска

Центарот за култура доби 5 милиони денари за 2011

Post Views: 6 Од колачот на Mинистерствотo за култура, 5 милиони денари одат за центарот за култура “Григор Прличев“.  Покрај пари за традиционалните манифестации кои ги покрива министерството како што се Балканскиот фестивал за народни песни и игри,  Oхридските староградски средби, ансамблот на народни песни и игри Бисери, годинава има пари и за доделувањето на наградата Григор Прличев која е во склоп на Прличевите беседи, но и за многу други нови проекти. „ Доделени се средства за музичко балетската престава Палешка, промоијата во културно информативниот центар во Софија на писателот...

Continue reading

saem za turizam

Отворен 4-тиот маеѓународен саем за рецептивен туризам

Post Views: 13 Свеченото отварање на единствената саемска манифестација од областа на туризмот во земјава не го удостои со свое присуство ниту еден владин преставник. Организацијата на саемот како што дознаваме е пропратена со бројни финансиски проблеми, но и слабости како што се недостаток на информации за неговото одржување. Организаторите секоја година со истиот оптимизам изјавуваат дека престојната сезона  ќе биде подобра ама реалноста ни е сосема поинаква. Гости на езерската ривиера имаме се помалку.Директорот на Агенцијата з аразвој и поддршка на туризмот иовојпат оптимист,...

Continue reading

concierge

Нема да се гради луксузен хотел во облик на езерски бран

Post Views: 2 Фирмата што најавуваше дека ќе гради хотел во облик на езерски бран, нема пари да го плати земјиштето.Каса градба, скопската компанија која на почетокот на месецов понуди 23 илјади евра за атрактивното земјиште кај Горица, ниту по истекот на 15 дена не ги уплати понудените пари. Освен тоа,  Каса градба не успела да обезбеди ни банкрска гаранција во висина од 200 илјади евра. Каса градба на лицитацијата даде најповолна понуда од евро и пол за квадрат, почетната цена беше едно евро. Газдите тогаш најавуваа дека за 6 години на локацијата ќе никне супер лусузен хотел од...

Continue reading

Ekrem Kaljoshi

Неизвесно колку од социјалните случаи во Охрид ќе добијат пари за греење

Post Views: 0 Владата пред три месеци донесе програма за субвенционирање на потрошувачка на  електрична енергија за ранливата категорија граѓани. Но, сеуште е нејасно  колку од охридските приматели на социјална помош ќе остварат право на субвенција за греење оваа зима. Во текот на 4 месеци, преку ресорното министертсво ќе може да добијат парична помош за греење во цисина од 600 денари, а еден од условите е да ја имаат подмирено сметката за потрошена електрична енергија. Корисниците на социјална помош со барањата треба да достават и сметка за платена потрошена електрична енергија за...

Continue reading

kej

Не се знае ни кој јаде ни кој пие

Post Views: 0 Општината сеуште  не знае колку пари  се инаксирани по основ на поставена урбана опрема од охридските угостители. Одделението за даноци и комунални такси кое треба да ја следи наплатата  нема изготвени податоци  нити  извештај за досегашната финасиска  состојба по овој основ. Портпаролот на општината немаше одговор  ни по пет дена од нашето барање за информација  колку пари има во општинската каса од поставените маси и столици  пред угостителските локали. Но, затоа се огласи градоначалникот Петрески.  Тој за ТВМ  изјави дека не е задоволен од наплата, но ни од работата...

Continue reading

sobi

Остварени помал број ноќевања и на странци и на домашни гости

Post Views: 1 Статистичките податоци од општинскиот комунален инспекторат и официјално го потврдија годинешното потфрлување на туристичката сезона Лето 2010. Оствaрените 290.000 ноќевања во оваа сезона покажуваат намалувања на реализираните ноќевања на постеителите и во хотелите и во приватното сместување. Споредбата на податоците од  изминатите две години покажува тенденција  на опаѓање на туристичката посетеност на Охрид . Загрижува фактото што во последните три години податоците покажуваат дека Охрид ги губи туристите. Така, во 2008  година посетителите во Охрид  реалирале 373.000...

Continue reading

pari

Секој си ја тера водата на својата воденица

Post Views: 3 „Одземените пари од сметката на општина Струга се согласно законската регулатива“, велат од Министерството за финансии. Но, од друга страна, не им е познато дека проектот за кој се земени парите, воопшто не бил технички примен.Нови моменти во врска вчерашниот прилог на ТВМ Телевизија за олеснувањето на струшката општинска сметка. Покрај општина Струга, тука се и општините: Куманово, од каде беа подигнати 13.700 000 денари, потоа општина Струмица, од чија сметка беа одземени 12.000 000 денари и општина Штип од каде се подигнати 8.300 000 денари. Во Законот за задолжување...

Continue reading

naslovna

„Македонските древни ковани пари“ – нова книга на Ангелина Маркус

Post Views: 4 Македонските древни ковани пари- е насловот, а воедно и содржината на новата книга на Ангелина Маркус. Станува збор за уште едно дело на овој автор во кое се потврдува македонскиот идентитет. Тоа се кованите пари, пронајдени низ вековите во регионот на Македонија. „Чувствувам дека ми е обврска фактот да го земам во раце и да и го покажам во јавноста“ , вели авторот Маркус која потенцира дека во нејзините книги се разоткрива се она што е вистинито за Македонија. Професорката по филозофија, Ангелина Маркус, со своите книги постојано ја бранува македонската јавност. Родена...

Continue reading

Jovance Sekuloski

Петрески да штеди на патувања и шофери

Post Views: 0 Градоначалникот Петрески треба да го следи примерот на Груески, сметаат од општинската ВМРО- ДПМНЕ. Го советуваат градоначалникот заедно со админстрацијата со која раководи да се вклучат со свој пакет- мерки во справувањето со глобалната криза. „Неспорно е дека глобалната економска криза ќе има негативно влијание и врз туризмот како индустрија најважна за Охрид. При тоа, јасно е дека Локалната самоуправа треба да превземе мерки со кои ќе ги намали непродуктивните расходи и со евентуален ребаланс на општинскиот буџет ќе се вклучи во помошта за намалување на последиците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top