Петрески да штеди на патувања и шофери

ВМРО- ДПМНЕ му предлагаат на Петрески да ги намали возачите и патувањата во странство.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Jovance Sekuloski
Јованче Секулоски

Градоначалникот Петрески треба да го следи примерот на Груески, сметаат од општинската ВМРО- ДПМНЕ. Го советуваат градоначалникот заедно со админстрацијата со која раководи да се вклучат со свој пакет- мерки во справувањето со глобалната криза.

Opstinski komitet„Неспорно е дека глобалната економска криза ќе има негативно влијание и врз туризмот како индустрија најважна за Охрид. При тоа, јасно е дека Локалната самоуправа треба да превземе мерки со кои ќе ги намали непродуктивните расходи и со евентуален ребаланс на општинскиот буџет ќе се вклучи во помошта за намалување на последиците од кризата“, истакна Секулоски.

„Чувствуваме обврска навремено да реагираме и да го упатиме овој апел како партија која е одговорна и која доби најголема подршка од граѓаните на општина Охрид, и освои најголем број советници“ , рече потпаролот на општинаката ВМРО- ДПМНЕ.    

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top