Отворен 4-тиот маеѓународен саем за рецептивен туризам

Свеченото отварање на единствената саемска манифестација од областа на туризмот во земјава не го удостои со свое присуство ниту еден владин преставник.

 |  Валентина Неловска  | 
saem za turizam
саем за туризам

saem za turizamСвеченото отварање на единствената саемска манифестација од областа на туризмот во земјава не го удостои со свое присуство ниту еден владин преставник. Организацијата на саемот како што дознаваме е пропратена со бројни финансиски проблеми, но и слабости како што се недостаток на информации за неговото одржување. Организаторите секоја година со истиот оптимизам изјавуваат дека престојната сезона  ќе биде подобра ама реалноста ни е сосема поинаква. Гости на езерската ривиера имаме се помалку.Директорот на Агенцијата з аразвој и поддршка на туризмот иовојпат оптимист, во 2011 се повеќе туристи ќе доаѓаат во Македонија.  
saem za turizamДржавата и понатака не е многу дарежлива кон туризмот.„ Доволно пари за развој на туризам каков што ни треба нема. Лани побравме со амандман да измениме нешто,  но зарди кризата не идејствувавме,“  вели пратеничката Лилјана Попоска. Таа смета дека за подостојно и посоодветно презентирање на Македонија,  Министертсвото за економија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот треба да добијат двојно пари од годинава, некаде околу  10 милиони денари.
За старите болки  кои подолго го пратат туризмот државата не најде соодветен лек. Стратегија за туризам сеуште нема, не се санира ни лошата патна инфраструктура, ништо не се презеде за поефтини чартер летови. Странците доаѓаат ама назад повторно не се враќаат. Израелскиот туроператот Дорон Хави организира туристички патувања за алтернативен туризам, но вели некои наши недостатоци во понудата од лани до сега сеуште не се надминати.
Македонија нема туризам категоричен е и долгогодишниот туристички работник Арсениј Јанев. „Ние не занеме каков туризам сакаме, нити која е нашата целна група“. Јанев ефектот од органзирањето на ваквите саемски манифестации го гледа во тоа што сега туристичките потенцијали ги презентираат општините. Само  нивното раздвижување и давање отчет за сработеното може да не извлече од кризата за да креираме туристички производ категоричен е Јанев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top