Ознака: пазар

Импровизирани тезги распослани на тротоарите околу градскиот пазар создаваат сообраќаен метеж

Post Views: 0 Понеделник е пазарен ден во Охрид, но истовремено и ден кога туристичкиот центар пред гостите испраќа грда слика и сообраќаен хаос од т.н место градски пазар. Тротоарите околу пазарот се претвараат во продажен простор со поставување на импровизирани тезги на земја. Се создава невидена мешаница која наликува на земјите од третиот свет. Коловозот за мотороните возила се претвора во место каде што се создава сообраќаен хаос при несоодветното тргување. Тука врие од продавачи и купувачи, паркирани возила за дотур на стока, пешаци  и разни учесници во сообраќајот кој едвај...

Continue reading

Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур

Post Views: 0 И ова лето граѓаните реагираат дека просторот околу маркетот Рамстор е несреден и натрупан со пакети , палети и стока. Местото на производите им е на рафтови или во магацин а не околу маркетот, на тревникот и тротоарот. Сето тоа создава една грда слика во самиот центар на туристички Охрид веднаш до градскиот плоштад и Летница. Граѓаните секое лето реагираат на ваквата пракса на Рамстор да ја чуваат стоката околу самиот маркет . Не ретко се сличува и на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина да се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци....

Continue reading

pazar

Струга-Бејрут

Post Views: 34 Грда слика на струшкиот пазар. Насекаде расфрлан отпад, хаос од возила, се продава и се нуди се и сешто, се гради плански и неплански, насекаде се шири непријатна реа од скапаниот пазарски отпад, и на се тоа нема кој да воведе ред. Купувачите, па и пазарџиите, веќе подолго време се соочуваат со овој проблем и нередот кој што владее тука, упатија критика до надлежните. И невладиниот сектор од Струга има забелешки за струшкото пазариште. Велат дека се секојдневно ги слушаат бројни забелешки од граѓаните. Нивната констатација е дека Струга е на прво место по неред и нехигиена...

Continue reading

Локацијата каде што е преместен градскиот пазар не е најсоодветно решение

Post Views: 2 Просторот каде што сега е сместен градскиот пазар е крајно несоодветен. Во пазарот е темница, а продажните тезги се збиени една до друга, така што купувачите едвај се разминуваат при пазарење. Во пазарен ден во понеделник е вистински хаос. Закупците и купувачите се жалат на лошите услови, а продавачите се жалат дека на пазарот има се помалку купувачи. – Пазарот не е добар, хигиената е лоша.– Не сме задоволни од условите во пазарот.-Под ламарината сме како под сач над нашите глави, жешко е, а нема ни место каде да ја оставаме за дотур робата која ја продаваме....

Continue reading

Ставен камен темелник на новиот пазар

Post Views: 6 Денес со свечен чин беше удрен камен темелник на затворениот пазар во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески во оваа прилика кажа дека охридската градска власт ги исполнува ветувањата пред граѓаните, а градскиот пазар на охриѓани им бил ветуван неколку години наназад. Бакрачески истакна дека после една голема и комплексна постапка за реализација на овој капитален објект, граѓаните препознаваат кој работи, а кој само ветува. „Пазарот ќе биде опремен со околу 190 тезги изработени по сите хасап и халал стандарди а во рами на објектот ќе биде изграден и подземен јавен...

Continue reading

Ќе се збраимат ли Охрид и Нови Пазар?

Post Views: 0 Охридските советници наскоро ќе одлучуваат дали ќе дадат согласност за потпишување на договор за збратимување на Охрид со Нови Пазар, кој се наоѓа во јужниот дел од Србија. Нови Пазар е главен економски и културен центар, како и најголем град во јужниот регион Санџак со 120.000 жители, а срцата на новопазарци ги освоиле 20-тината млади охриѓани од Акцијашкиот клуб Брег на Младоста кои биле дел од 150 акцијаши од поранешните ЈУ републики, а кои учествувале на работна акција во Рибариќи кај Нови Пазар. „Поттикнати од работливоста, ентузијазмот и дружењето со младите акцијаши...

Continue reading

За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар

Post Views: 3 Започнаа подготвителните работи околу изградбата на новиот зелен пазар. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека тие ќе траат околу дваесеттина дена кога ќе вршат заштита на околните објекти од можни оштетувања поради градежните зафати кои ќе се прават. Потоа уште дваесеттина дена ќе се работи на подготвување на подлогата по што ќе се започне со градба на објектот. Ќе се работи и во летниот период. Имавме досега некои проблеми но за среќа ги надминавме . Како проблем уште остана една линија од канализацијата....

Continue reading

На охридскиот градски пазар денес се тргуваше на нова локација

Post Views: 0 На охридскиот градски пазар денес се тргуваше на нов прилагоден простор. Поранешниот паркинг сега е пренаменет во локација каде што ќе се продаваат и купуваат прехранбени артикли. Купувачите поделени во размислувањата за новиот простор. Некои зад објективот на камерата коментираат дека просторот е тесен и темен, но имаше и такви кои се задоволни. На пазарот очигледно е дека сега има помалку тезги за разлика од поранешниот простор. Продавачите со земјоделски производи велат дека на првиот ден е необично , но ќе мора да се прилагодуваат на новите услови. Тесно е , сега...

Continue reading

Vladimir Vasileski

Четкар во Јапонија

Post Views: 1 Неговиот нов студиски албум „Heavenly“ неодамна беше објавен на пребирливиот јапонски пазар, а тој на крилјата од ваквиот успех, сега во Големото јаболко, патем каде што повеќе години живее и твори, ги токми плановите за натамошните промотивни активности на изданието што го трпеливо го подготвуваше во последниве две години. Јапонија е еден од најсериозните музички пазари во светот. Јапонците обожаваат ваква музика. Говорејќи за новонастанатата ситуација, Четкар знае да каже дека имал намера дистрибуцијата на објавата да ја започне од Европа, од Италија, и дури потем...

Continue reading

Лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени во легалниот пазар на труд

Post Views: 8 Лицата со посебни потреби ќе имаат можност теоретски и практично да стекнуваат вештини за работа, со кои ќе можат да аплицираат на некои работни места на пазарот на трудот во Охрид. Тоа им се нуди со пилот проектот кој е организиран од Министерството за труд и социјална политика и ЕУ. Предвидено е проектот е да трае два месеци, а ќе се состои во професионална рехабилитација на лицата со посебни потреби. Фирмата „Алпојо“ покажала социјална одговорност и понудила лицата кои се вклучени во проектот да ги обучи за две работни места во нивната организација, пренесува Жанета...

Continue reading

Дали паркингот, каде забрзано се дислоцира градскиот пазар, е соодветно подготвен за безбедно тргување со храна?

Post Views: 0 Интензивно се работи на дислокацијата на градскиот пазар. По се изгледа набрзо ќе се фрла лопата за изградба на новиот затворен пазар. Иако нешто повеќе од 3годни паркинг просторот беше една од локациите која се најавуваше за привремено организирање градски пазар додека се гради новиот, деновиве се добива впечаток дека просторот не е соодветно подготвен за таа намена. Директорот на ЈП “Градски пазар“, Тони Коталески и денес јавноста ја остави покуса за одговори на неколку прашања поврзани со дислокацијата на пазарот поради започнувањето на изградбата на современиот зелен...

Continue reading

Дислокацијата на градскиот пазар продолжува , а и молкот од надлежните

Post Views: 4 Паркингот во близина на грдскиот пазар во моментов половина функционира како паркинг а другата половина е со тезги. Од едната страна е поставена ограда а од спротива сеуште има ограден простор за одлагање смет и контењери.  Охрид има потреба од современ затворен градски пазар. На негова изградба се чека со години а тој беше дел од сите изборни ветувања на политичарите. Токму затоа граѓаните очекуваа дека имаше доволно време за изнаоѓање соодветен простор за времен пазар додека трае изградбата на новиот. Во јавноста беа лиферувани информации за неколку можни локации меѓу...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top