Ознака: пазар

Пазар ли е или панаѓур

Post Views: 1 Секој понеделник педесеттина продавачи на импровизирани тезги го окупираат просторот и улицата околу пазарот. Сликата наликува на пазарите во некоја од источните земји каде стоката се продава буквално на земја. Ако се земе во предвид дека станува збор за храна, навистина купувачите треба да се замислат пред да купат нешто. Од ЈП „Градски пазар“ велат дека просторот не дозволува да се обезбеди дополнително место за оние кои продаваат само во понеделник кога во Охрид е пазарен ден, а интересот е голем. Тие не им наплаќаат на пазарџиите за тоа што ги изложуваат своите производи...

Continue reading

ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР” ЗАПОЧНА СО ПОСТАВУАВАЊЕ НА УНИФИЦИРАНИ ТЕЗГИ

Post Views: 2 ЈП „Градски Пазар” започна со поставување на урбана опрема-унифицирани тезги за продажба на источниот дел од плоштадот „Крушевска Република”. Овие активности се во согласност со Измените и дополнувањата на Годишната програма за поставување на урбана опрема, која ја усвои Советот на Општина Охрид на 30.05.2019 година и во согласност со Огласот бр. 01/2019 за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема за комерцијално користење. Од јавното препријатие упатуваат апел до граѓаните да ги остранат паркираните моторни возила...

Continue reading

Балканските кујни заеднички на светскиот туристички пазар

Post Views: 9 Со понуда на вкусните национални јадења  Македонија,Хрватска,  Бугарија и Грција   ќе привлекуваат туристи. Старите традиционални рецепти се покажаа како магнет за туристите, кои трагајќи по нови вкусови одбираат неоткриени гастрономски дестинации. Токму ова е дел од проектот што деновиве се одржа во Охрид. Професори и студенти  од македонски,хрватски,  бугарски и грчки универзитети подготвуваа вкусни специјалитети преку кои заеднички ќе  развиваат  гастро туризам. „ Од овој проект во изминатите 30 месеци потрошени се скоро 190 000 евра. Беа изработени осум работилници...

Continue reading

kamion

Ќе се гради катна гаража во Струга

Post Views: 4 Струшкото ЈП „Комунално“, бара финансиски извори за извлекување на претпријатието од големите наследени долгови со кои во моментов се соочуваат.Еден од изворите кој што го предвидел комуналното претпријатие со поддршка на Локалната самоуправа од Струга е изградба на катна гаража на влезот во Струга на патниот правец Струга – Дебар. „Ние планираме сме во тек за еден добар зафат што се однесува на просторот околу зелениот пазар во догледно време за краток период планираме да градиме еден паркинг гаража во делот на зелениот пазар. Планираме и уредување на тој простор....

Continue reading

Новиот Закон за зелените пазари го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар

Post Views: 28 Новиот Закон за зелените пазари, кој стапи на сила од 1 јануари оваа година, го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар и на јавното претпријатие кое се занимава со оваа дејност. Со неговото донесување се бара пазарџиите да обезбедат лиценца за работа која чини 3.600 денари, а за втора тезга треба да се платат дополнителни 2.400 денари, што претставува голем проблем за буџетот на пазарџиите. Законот предвидува пензионерите, вработените или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари да не можат да работат. Од ЈП „Градски пазар“ неодамна направиле сондажа...

Continue reading

ЈП Градски пазар бележи финансиска стабилизација во работењето

Post Views: 7 ЈП Градски пазар изминатава година бележи добри финансиски резултати. Зад нас оставаме тешка година во услови кога во тек е изградбата на затворениот современ пазар, но сме максимално ангажирани со домаќинско работење да се намалат сите проблеми во претпријатието, напоменува Кристина Крлеска Деспотоска дирeктор  на  ЈП Градски пазар. „ ЈП во споредба со минатата година има зголемување на приходите по сите основи. Најмногу од дневната пазаришна такса со 100 проценти приход. Исто така и расходните ставки на претпријатието се сведени на минимум. Трошоците на претпријатието...

Continue reading

САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПАЗАР НА ИДЕИ

Post Views: 8 Општина Охрид заедно со Друштвото за производство трговија и услуги О3 Инвест Скопје, го организира првиот Саемот за Вработување и Пазар на Идеи, кој ќе се одржи на 5 октомври во период од 12 до 15 часот, во непосредна близина на ТЦ АМАМ. Придобивките од учеството на саемот се запознавање лице во лице со барателите на работа, поврзување со други работодавачи, промовирање на компанијата. Се очекува присуство од  голем број на работодавачи, како и студенти кои се на крај од своите студии. Саемот за вработување е бесплатен. Посетителите ќе бидат запознаени со начинот на...

Continue reading

Герасимовски: Заштитата на интелектуалната сопственост е основен елемент за успешно функционирање на европскиот пазар

Post Views: 4 Заштитата на интелектуалната сопственост е основен елемент за успешно функционирање на македонските компании на европскиот пазар. Ова го потенцира Горан Герасимовски – зам директор на ДЗИС на семинарот што со  стопанственици од охридско струшкиот регион се одржа денеска во Охрид во рамки на одбележувањето на јубилејот, 25 години од постоењето на Заводот.   „За жал кај македонските компании потребата од заштита на интелектуалната сопственост е ограничена. Потребно е да се подигне свеста дека креирањето и управувањето со интелектуалната сопственост е клучно за растот,...

Continue reading

oktisi

Бројни проекти за Октиси

Post Views: 5 Програма со проекти, без боја, верско или национално обележје. Точно таква програма имаме изработено, бидејќи тоа и треба на Струга и струшко за да се сочува соживотот во една мултиетночка средина, изјави Д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ од Струга. „Денес се наоѓаме во Октиси, место кое со својата местоположба има огромен потенцијал за развој кој на граѓаните може да им обезбеди пристоен и достоинствен живот.Во мојата програма меѓу другото, за Октиси е планирано и ќе се спроведе реконструкција на патниот правец од Октиси...

Continue reading

Охрид ќе добие уште еден мини зелен пазар

Post Views: 1 На паркингот кај општата болница ќе биде направен мини зелен пазар. Ова го најави директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска која рече дека идејата за организирање на еден ваков пазар токму на ова место произлегла од продавачите на зеленчук и овошје кои досега на нелегален нанчин го продаваа истото кај кружниот тек во близина на болницата. Пратејќи ги анализите и потребите на граѓаните на територијата на општина Охрид во делот на територијата околу болницата во соработка со основачот на јавново претпријатие ќе направиме еден организиран мини зелен пазар со...

Continue reading

cokolado

Омилен деликатес за македончето е чоколадото

Post Views: 0 Според податоците на Стопанската комора на Македонија, во државата годишно се увезуваат 11.000 тони кондиторски производи, а од домашното производство вкупно 11.000 тони се наменети за домашниот пазар. Тоа покажува дека Македонците годишно јадат многу слатки задоволства. Како што пишува „Вечер“ македонците годишно јадат 22.000 тони чоколади, слатки, вафли, бонбони. Според податоците на весникот, кондиторските компании од година во година се повеќе го зголемуваат извозот на странските пазари, а на домашниот пазар полека, но сигурно ја истиснуваат конкуренцијата од странство. Во...

Continue reading

Пазарувањето на привремениот зелен градски пазар се претвора во кошмар

Post Views: 0 Пазарувањето на привремениот зелен градски пазар се претвора во кошмар , и за купувачите и за пазарџиите и за учесниците во сообраќајот. Ако ве носи патот кон оваа локација, посебно со автомобил, наоружајте се со големо трпение. Сообраќајниот хаос до т.н место градски пазар навистина ќе ве извади од кожа. Иако постои знак забрането паркирање и задржување улицата која води кон влезот на подзмените гаражи на зградата во непсредна близина на пазарот е најчесто попречена за движење од паркирани возила кои вршат дотур на стока. Тротоарите околу пазарот се претворени во продажен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top