Балканските кујни заеднички на светскиот туристички пазар

Преку проект за промоција на Балканските кујни ќе се развива гастро туризам кој претставува магнет за туристите трагачи по нови неоткриени дестинации. Спојувањето на четирите национални кујни, на Македонија, Бугарија, Хрватска и Грција и гастроомските вештини  е дел од проектот Еразмус плус .

 |  Соња Рилковска  | 

Со понуда на вкусните национални јадења  Македонија,Хрватска,  Бугарија и Грција   ќе привлекуваат туристи. Старите традиционални рецепти се покажаа како магнет за туристите, кои трагајќи по нови вкусови одбираат неоткриени гастрономски дестинации. Токму ова е дел од проектот што деновиве се одржа во Охрид. Професори и студенти  од македонски,хрватски,  бугарски и грчки универзитети подготвуваа вкусни специјалитети преку кои заеднички ќе  развиваат  гастро туризам.

„ Од овој проект во изминатите 30 месеци потрошени се скоро 190 000 евра. Беа изработени осум работилници на кои што присуствуваа вкупно 16 лица додека во процесот за истажувањето на националните менија од македонска страна учествуваа некаде околу 100 студенти. Со алатките кои што ги изработуваме практично им помагаме на студентите да се стекнат со потребните знаења и умеења како да  ги користат тие алатки во престојниот период кој што доаѓа за сите нас“, – вели Васко Златкоски раководител на проектот од универзитетот во Штип.

„Се оддалечуваме од теоријата а се приближуваме кон праксата, она што е најбитно во современиот туризам  и затоа резултатгите од овој проект се многу важни, бидејќи на студентите им се овозможува тоа што им е најпотребно. Еден ден кога ќе излезат на пазарот на трудот да знаат да работат,  а не теорија. Тоа е главната  цел на проектот“, – вели Ивана Кадум Голеш од Универзитетот во Шибеник.

Различни но и многу слични  се  национаните кујни на Балканот. Вкусот на сличните јадења го менуваат автентичните зачини. Според последните истражувања во светот тренд е развојот на гастрономски туризам туристите сакаат да се запознаат со националните кујни на секоја туристичка дестинација. Најпрактично за развој на овој вид туризам е вмрежување, односно  спојување на повеќе национални кујни.

,„Имавме прилика да размениме искуства за гастрономијата., која е многу важен сегмент за овој регион од Европа. Имаме многу заеднчоко во поглед на гастрономијата. Исто така изработивме повеќе промотивни и едукативни  материјали како угостителски софтвер за студентите. Нашата цел е да продолжи оваа соработка во иднина. Да создадеме мост преку оваа Еразмус плус проект, што ќе ја зајакне нашата соработка“ , – вели професорот Фотис Илипирис  од Солун.

„Овој вид на соработка е исклучително важен, бидејќи го подигнуваме квалитетот, способностите и квалификациите на студентите и тие ќе можат да работат независно и да се нагажираат различно според сезонските потреби во угостителството зиме или лето“, – вели Бистра Василева доц. по маркетинг од универзитетот во Бургас и Варна.

Спојувањето на четирите национални кујни и гастроомските вештини  е дел од проектот Еразмус плус . Националните специјалитети се  промовираа  во секоја земја одделно а потоа со едно заедничко мени  ќе се настапи пред  светските тур операторите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top