Ознака: Охрид

Скопјанец агресивно се однесувал во казино на „Абас Емин“ во Охрид

Post Views: 5 На 11.12.2021 година во 18.20 часот, пред казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во  Охрид, Р.Х.(41) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници кои пристигнале на местото. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Post Views: 17 Делегација на Општина Охрид, составена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски од 11-ти до 14-ти јуни престојуваа во официјална посета на Народна Република Кина. Во координација со амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг, делгацијата на општина Охрид учествуваше на петата работна сесија во градот Далиан, во рамките на Процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Југоисточна и Централна Европа на Асоцијацијата на локални власти. За време на церемнонијата на отворањето на...

Continue reading

10 возачи управувале моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Охрид

Post Views: 1 На 10-ти и 11-ти декември 2021 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-05, Кичево-02, Дебар-01). Тие се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките документи по што ќе им бидат поднесени соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир „Охрид Опен 2019“

Post Views: 8 Во организација на Таеквон-до клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец, викендов во Охрид ќе се одржи Меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир „Охрид Опен 2019“. Во сабота во Охрид се очекуваат 200-250 натпреварувачи од Бугарија, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Австрија и домаќинот Македонија. – Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Охрид, д-р Константин Георгиески. Судењето ќе биде електронско, под водство на Вергилиј Ситнилски, носител на црн појас VI дан, генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, потпретседател на судиската комисија за југоисточна Европа....

Continue reading

Во Охрид работилница на тема „Музиката денес“

Post Views: 3 Охридско лето на 11 – ти јуни со почеток од 18 30 часот во катедралната црква Св. Софија организира работилница на тема „Музиката денес“. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници. На предавањето ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како се создава денес и како денес се доживува. Колку технологијата реално ја загрозува суштинската идеја на композиторот во процесот на создавање, како да распознаваме добра од лоша музика, квантитет наспроти...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОХРИД СОС

Post Views: 2 Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“. Целта на средбата беше во насока на воспоставување подобра комуникација која ќе резултира со идеи и проекти кои ќе бидат во интерес на градот. На средбата градоначалникот ги информираше за тековните проекти што се реализираат, како и за идните проекти и за активностите кои се преземаат за заштита на животната средина во текот на нивната реализација. Дискутирани беа повеќе идеи и предлози кои претставниците на „Охрид СОС“ ги презентираа. Заеднички беше констатирано дека ваквите средби...

Continue reading

Маж од Виница ја нападнал поранешната сопруга со нож во Охрид

Post Views: 1 На 09.12.2021 година во 21:45 часот во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани со остар предмет, извршено од И.Ц. (46) од Виница, врз неговата поранешна сопруга. Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Договорени мерки за одржување на безбедноста на патиштата во зимски услови во Охрид

Post Views: 11 Охридската Локална самоуправа и надлежните институци одржаа состанок и договорија мерки за одржување на проодност на патиштата во зимски услови. Општинските служби, СВР Охрид, надлежните јавни претпријатија, Центарот за управување со кризи, инспекциските служби на територија на општина Охрид координирано ќе работат за елиминирање на забележаните проблеми на сите локални, регионални и магистрални патишта. Со заедничка соработка ќе делуваат да нема застој и несреќи во сообраќајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.     Задолжени се лица за меѓусебен контакт...

Continue reading

Струга прва по смртност од корона вирусот во земјава, Охрид на шесто место

Post Views: 2 Здравствените работници причината ја гледаат во задоцнетотот барање на лекарска помош и коморбидитетите на пациентите. Од почетокот на пандемијата до изминатиот викенд во Струга како последица на компликации од ковид 19 починаа 85 , а во Охрид 49 лица. Струга се уште прва по морталитет од корона вирусот. Охрид е на шесто место по смртност во земјава. Една од причините е задоцнето барање лекарска помош, но и возраста и хроничните заболувања кај починатите пациенти. Во првиот пролетен бран во струшко имаше поголема смртност, луѓето не пријавуваа симптоми и не сакаа да...

Continue reading

УСПЕШНО ТРЕТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ”

Post Views: 8 Во текот на изминатиот викенд Охрид беше претворен во вистинска атлетска патека благодарение на третото успешно издание на Спортската манифестација „Охрид Трчат”. Во рамки на главните трки од 5 и 10 километри, кои се одржаа вчера, во врнежливи временски услови, се натпреваруваа над 1.500 учесници. На трката од 10 километри во машка категорија победи Дарио Ивановски, а во категоријата на жени најдобра беше српската атлетичарка Теодора Симовиќ. Во категоријата мажи, на трката од 5 километри, прв до целта пристигна Кристијан Стојани, а најдобар резултат во женска категорија,...

Continue reading

Фестивал на новиот Германски филм во Охрид

Post Views: 7 Љубителите на современиот германски филм, деновиве ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски остварувања, од германската филмска продукција. Редослед на кино проекции: 18.05.2019 во 20.00 часот свечено отворање со филмот -100 нешта (100 Dinge), комедија, 100 минути 19.05.2019 во 18.00 часот детски филм – Тоби и тајната на нашата планета (Checker Tobi und das Geheimnis unseres Planeten), 86 минути 19.05.2019 во 20.00 часот фимот – Патување во Ерусалим (Reise nach Jerusalem), драма, 118 минути 20.05.2019 во 18.00 часот детски филм – Тим Талер или...

Continue reading

Советниците ги изгласаа измените на годишниот план за вработување во Општина Охрид

Post Views: 2 Советот на Општина Охрид ја одржа седмата седница со 46 точки на дневен ред од кои повеќе од половината се однесуваа на урбанистичката сфера односно легализации на дивоградби и усогласување на намената на земјиштето. На седницата која траеше час и половина поголема дискусија предизвика годишниот план за вработување во општинската администраицја за 2022 година. Опозициските советници со забелешки за новата локална власт дека предвидува нови вработувања во општината нешто што остро го критикуваа додека беа опозиција. Со оглед на критиките за превработеност во администрацијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top