Ознака: Македонија

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија

Post Views: 3 Објавен конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија. ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставнипланови и програми за: Гимназиско образование -272 ученици, 8 паралелки, 60 поени минимуммак 272 уч. 8 пар. СРЕДНО ОПШТИНСКО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ Во прва година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик според наставнипланови и програми за:Економско...

Continue reading

origami

Високо признание за охридскиот Црвен Крст

Post Views: 3 Во Црвениот крст во Охрид волонтираат луѓе од 7 до 77 години. Нивниот ангажаман е несебично и доброволно да помагаат на ранливите категории на луѓе без притоа да остварат материјална корист. Волонтерите од охридската организација на Цревениот Крст, денес, на одбележувањето на светскиот ден на волонтеризмот 5 ти декември добија високо признание за особени заслуги во спровдувањето на волонтерските практики. Првиот човек на Црвениот крст од Охрид Сашо Точков, потенцира дека признанието е сосема заслужено бидејќи успеале да анимираат голем број волонтери кои се вклучени...

Continue reading

kumstvo

Д-р Никола Бакрачески и Сашо Симески и официјално избрани кумови за Водици 2014 год

Post Views: 4 Традиционално и годинава на големиот христијански празник Пресвета богородица Пречиста, избран е новиот кум за празникот Богојавление – Водици 2014 година. Тоа е градоначалникот Никола Бакрачески, кој кумството за големиот празник Водици Богојавление 2014 го сподели со неговиот кум и во приватниот живот Сашо Симески. Честа да се преземе одговорноста за кумството за големиот христијански празник Богојавление – Водици е огромна. Тоа претставува предавање на една од најголемите духовни и хумани вредности со која што може да се закити еден охриѓанец или граѓанин на...

Continue reading

kardioloski

Интервенција на периферни артерии за прв пат во Македонија

Post Views: 3 За прв пат во Охрид ќе се врши интервенција на периферни артерии на нозе со поставување на стент. Примената на оваа нова метода е голем напредок во интервентната кардиологија вели д-р Никола Бакрачески. Додава дека за таа цел тим од доктори и помошен медицински персонал од Заводот за кардиоваскиларни заболувања бил пратен на едукација во Салзбург, Австрија. Првата интервенција во заводот во Охрид ја демонстрираше реномираниот доктор Ара Угурлуоглу од  медицинскиот универзитет Парацелзиус  од Салзбург. „Еве денес имавме можност под негова супер визија и заедно со него...

Continue reading

nikola bakraceski

Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона

Post Views: 0 Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона, вели Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој бара компанијата да и биде дадена на општината доколку и по третпат не се најде инвеститор што ќе го купи АД ЕМО. Се планира фабриката по погони или парцели да се издава на потенцијални инвеститори. Ваквата идеја ќе биде доставена до Владата, рече Бакрачески. – Во постојана комуникација сме со Владата на Република Македонија која подготвува трет тендер за продажба на ЕМО односно за влегување на странски инвеститор во ЕМО. Има потенцијални инвеститори од областа...

Continue reading

sojuz

29-ти Ноември во спомените само како стариот Југословенски празник

Post Views: 0 Денес се одбележува 29 -ти Ноември историски датум значаен за македонската државотворност. На овој ден пред 7 децении во Јајце на заседанието на Авној се удрени темелите на македонската држава, нација и јазик  во рамките на поранешната југословенска држава. На историскиот датум кој некогаш имаше големо значење сега се сеќаваат само постарите граѓани. Денес граѓаните се сеќаваат на датумот 29-ти Ноември  само како на стариот Југословенски празник. На овој историски датум денес повеќе се сеќаваат постарите граѓани додека за помладите  нема никакво значење.Сојузот на борците...

Continue reading

ptoekt

Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани

Post Views: 7 Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид...

Continue reading

ginekolozi

Мал процент од македонките прават ПАП тест

Post Views: 8 Македонско – канадско искуство од областа на онко гинекологијата. Со цел подигнување на свесноста за превенција од рак на грлото на матката, врвен експерт од Канада, одржа предавање пред охридските доктори за значењето на раното откривање на овој тип заболување кај жената. Македонија се соочува со слаба покриеност на женската популација за ПАП тестовите, што како податок го изнесе д-р Лори Елит онколошки гинеколог од Канада.    „Како што дознав значи од официјални извори е дека покриеноста на оние жени кои што треба да направат ПАП е само 15 %, зошто, затоа што...

Continue reading

Повеќе австриски гости во Охрид и Македонија од идната сезона

Post Views: 1 Повеќе гости од Австрија се очекуваат во Охрид и земјава од идната сезона. Ова е  договорено на саемот во Ветманштат-Австрија каде што е потпишан меморандум за соработка помеѓу   општина Охрид и Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен”. Посетата во Австрија се реализира на лична покана од Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен” до градоначалникот Бакрачески. Австриските  туристи кои досега на Балканот доѓаа преку кружни тури, покажале  особен интерес за посета само на Охрид и Македонија, кажува Бакрачески. „ Она што е важно за нас е тоа што...

Continue reading

grom

ГРОМ пред охриѓани

Post Views: 6 Охриѓани покажаа голем интерес за Граѓанската опција за Македонија, која како структура во градов брои над 1200 членови, изјави Стевче Јакимоски лидерот на ГРОМ.  Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа основачкото собрание на оваа политичка опција. Јакимоски истакна дека излегуваат со целосна понуда пред граѓаните на Охрид и неговите очекувања се дека како трета опција ГРОМ ќе го освежи црно-белиот политички амбиент во нашиот регион. „Во делот на економијата ГРОМ смета дека со вакви високи фискални расходи ставаме оловни нозе на нашето стопанство и...

Continue reading

vakcina

Охридскиот регион заштитен од полио вирусот

Post Views: 8 Заразната болест полиомиелит напаѓа на Блискиот Исток. Стручнаци од СЗО отценија дека постои ризик од ширење на оваа заразна болест во Европа.  Македонија не е исклучена но добра вест е што има висок процент на имунизација.  Скоро 5 децении  населението во  земјава се вакцинира против полиомиелитот. Имунизацијата започнува кај  бебиња на двомесечна возраст, во неколку последователни дози, орално против 3 типа на полиовируси.  Подоцна следува ревакцинирање на децата на 1, 7  и 14  годишна возраст. Покриеноста со имунизацијата од полиомиелитис  во регионов е голема и се...

Continue reading

kaptazi

Германската амбасадорка и градоначалникот Бакрачески ја посетија каптажата во Куратица

Post Views: 0 После цели 30 години, каптажаниот систем преку кој жителите на Куратица се снабдуваа со вода доби реконструкција, а беа изградени и нови каптажи. Дополнително, како дел од самиот проект беше реконструиран и пробиен патот кој води до самите каптажи. Средствата за овој проект се обезбедени преку германската амбасада во Република Македонија во најголем дел, додека еден помал дел се обезбедени и од страна на локалната самоуправа од Охрид. Со вкупна вредност од 590.000 денари, проектот спаѓа во групата на мали проекти, но според неговото значење за жителите на Куратица, веројатно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top