Охридскиот регион заштитен од полио вирусот

Охридскиот регион заштитен од  полио вирусот.

 |  Валентина Неловска  | 
vakcina
vakcina

Заразната болест полиомиелит напаѓа на Блискиот Исток. Стручнаци од СЗО отценија дека постои ризик од ширење на оваа заразна болест во Европа.  Македонија не е исклучена но добра вест е што има висок процент на имунизација.  Скоро 5 децении  населението во  земјава се вакцинира против полиомиелитот. Имунизацијата започнува кај  бебиња на двомесечна возраст, во неколку последователни дози, орално против 3 типа на полиовируси.  Подоцна следува ревакцинирање на децата на 1, 7  и 14  годишна возраст. Покриеноста со имунизацијата од полиомиелитис  во регионов е голема и се движи над 98 проценти, информира  спец. педијатар д-р Катерина Димитрова, од одделот за имунизација при ЈЗУ „Општа Болница“ Охрид.
vakcina
„ Можам да речам за нашиот регион дека не постојат џепови, т.н. поголеми групи на население кои не се вакцинираат од различни причини. Нив ги има и во државава и во светот, но ги нема во нашиот регион. Податоците за родените деца ги добиваме од матичните лекари и гинеколози и ги знаеме сите деца што се регистрирани. Нема не вакцинирани деца“.

Полиомиелитисот е заразна болест предизвикана од полио вирусот. Се пренесува преку начисти раце, храна, вода и фекалии. Може да почне со проливи и да заврши без да се знае дека било заболување од  полио инфекција, но може да даде и страшни последици и да заврши со целосна парализа, објаснува д-р Димитрова.

„ Македонија во 2002 година доби Сертификат од СЗО за еридикација на дивиот полио вирус. Во нашата земја не постои полио вирусот, но со фрекфенцијата и движењето на населението тој може да се донесе во Македонија. Од моментот кога го добивме Сертификатот до денес ние не го прекинавме вакцинирањето. Поради тоа што во другите околни земји се јавуваат случаи на полиомиелит, а за да бидеме заштитени функционираме со исто темпо.“

Последните случаи од ова заболување кај нас  се евидентирани во далечната 1987 година. Одделот за вакцина ја поседува документацијата за целото население за имунизација против полиомиелитисот која се води од 1963 година, а ги поседуваат и списоците за кампањската имунизација во претходните години, напоменува д-р Димитрова. 

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top