Мал процент од македонките прават ПАП тест

Превенција, дијагноза и третман на ракот на грлото на матката. На оваа тема денес во Охрид, предавање одржа д-р Лори Елит, врвен експерт по онко гинекологија од Канада. Македонија се соочува со загрижувачки низок процент на покриеност на женската популација со ПАП тестовите.

 |  Николоска Биљана  | 
ginekolozi
гинеколози

Македонско – канадско искуство од областа на онко гинекологијата. Со цел подигнување на свесноста за превенција од рак на грлото на матката, врвен експерт од Канада, одржа предавање пред охридските доктори за значењето на раното откривање на овој тип заболување кај жената. Македонија се соочува со слаба покриеност на женската популација за ПАП тестовите, што како податок го изнесе д-р Лори Елит онколошки гинеколог од Канада.   

ginekolozi„Како што дознав значи од официјални извори е дека покриеноста на оние жени кои што треба да направат ПАП е само 15 %, зошто, затоа што има жена која што не треба да прасви ПАП а прави по 5- 7 пати годишно, а оние 85 % други практички ги има кои што не се покриени“ – вели д-р Елит.

Факт е дека во Македонија постојат три групи на пациентки, оние кои што никогаш во живот не биле на гинеколог, оние кои што 1-2 пати во животот посетиле гинеколог и оние кои што премногу го посетуваат гинекологот, изјави д-р Горан Димитров од Здружението на гинеколози и акушери на Македонија. Според него, за рано откривање на ракот на грлото на матката може да се зборува само со организиран скрининг.

 „Ако секоја жена кога сака си го прави својот преглед со ПАПА Николау брис, тоа значи дека не е организирано. Значи треба да се знае дека групацијата, еве сега во Канада е од 21-69, во Европска заедница е од 25-65, меѓу другото и заради тоа што многу мала е инциденцата на рак на грло на матка под 25 и над 65 и затоа тие не треба да бидат скринирани тие треба да се следат со регуларни прегледи. Во таа групација од 25-65 години практично, поентата е да секои три години сите тие направат еднашка во тие три години, тоа е всушност организиран скрининг, а не едната таа жена да прави секоја година во тие три години“– изјави д-р Димитров.

ginekoloziД-р Лилјана Котлар, које е дел од организацијата на денешното предавање на Д-р Лори Елит, рече дека присуството на еден врвен експерт од онко гинекологијата е несекојдневен настан и нејзиното присуство во Охрид е голема чест за докторската фела. Котлар  истакна дека секое предавање кое се однесува на  раното откривање на канцертот на грлото на матката е многу важно бидејќи пораката која што треба да допре до јавноста е дека,со рано откривање овој вид канцер може целосно да се излекува.

„Предавањето го организиравме во соработка со Здружението на гинеколози на Р. Македонија посебно во соработка на Д-р Димитров 00:49 Скопје.  Она што ќе им го порачам на охриѓанките е редовно да ги прават гинеколошките тестови, посебно да прават ПАП тестови затоа што цервикалниот канцер е еден од ретките канцери кој што може многу лесно да се открие со еден многу едноставен тест“ – нагласи Котлар.

Според гинеколозите минималното познавање за превенција од рак на грлото на матката кај жените е алармантна состојба. Тоа пред се се должи на стресот кој тие го доживуваат во рамките на работното место и секојдневните обврски, што директно влијае врз нивната можност навремено и квалитетно да се едуцираат на начините на превенцијата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top