29-ти Ноември во спомените само како стариот Југословенски празник

 29-ти Ноември во спомените само како стариот Југословенски празник.

 |  Валентина Неловска  | 
sojuz
sojuz

Денес се одбележува 29 -ти Ноември историски датум значаен за македонската државотворност. На овој ден пред 7 децении во Јајце на заседанието на Авној се удрени темелите на македонската држава, нација и јазик  во рамките на поранешната југословенска држава. На историскиот датум кој некогаш имаше големо значење сега се сеќаваат само постарите граѓани. Денес граѓаните се сеќаваат на датумот 29-ти Ноември  само како на стариот Југословенски празник. На овој историски датум денес повеќе се сеќаваат постарите граѓани додека за помладите  нема никакво значење.
sojuz
Сојузот на борците на Охрид и Дебрца денес одржа историски час. Професорот Наце Иваноски  во знак на сеќавање на големиот исторски датум за македонскиот народ потсети на уставотворните одлуки донесени на второт заседние на Авној. Со тие одлуки почна изградбата на македонската држава во рамки на федерација на рамноправни народи и држави. Македонија за прв пат е призната за држава, а македонците за рамноправна нација со другите југословенски народи и народности, потсети  Проф. Иваноски.

„Тие одлуки беа основа во анализата што подоцна  ги направи иницијативниот одбор за свикување  на АСНОМ и оцени дека се од добра основа врз која се донесени решенија и одлуки на првото заседението на АСНОМ со кој одлуки почнува изгрдабата на новата македонска држава како рамноправна федерална единица во склоп на Југословенската федерација. 29-ти Ноември има посебно значење за Македонија затоа што дотогаш не бевме признаети за македонци туку именувани како јужни срби и бевме негирани од соседите.“
сојуз
Во овие 22 години многу луѓе сакаат да заборават на минатото и на онаа држава која се темелеше на одлуките на Второто заседание на Авној, рече историчарот Никола Стефаноски. Датумите може да се заборават, но не и сведоштвата остануваат има живи сведоштва што се случувало во НОБ и во Јајце и во социјалистичкиот развој на Република Македонија.

„ За овие 22 години односот кон Сојузот на борци кон настаните од НОВ од сите изминати власти не сме задоволни. Мислам дека почнуваат да дуваат нови ветришта во сегашноста. Не само 29-ти Ноември што влезе во програмата за која одлучуваше парламентот тоа е значајно, па и кон Сојузот на борци се подобрува односот и очекуваме подобра соработка и позначајни вложувања на тој план.“

Денешниот историски час предизвика интерес кај граѓаните. Салата во просториите на Сојузот на борци беше претесна да ги прими посетителите. Локалната самоуправа во последен момент не им ја отстапила  големата сала во општинската зграда. Од Сојузот на борци велат дека образложението на општината било дека салата е зафатена  заради неодложни состаноци. Немаме причина да не им веруваме, но очекуваме во иднина градоначалникот да ги исполни ветувањата дадени на неодамешната средба дека ќе ги поддржуваат нашите активности, рече при тоа Никола Стефаноски.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top