Ознака: користење

rasadnik

Р.Е. „Расадник“, со идејни проекти за уредување на вашите дворови

Post Views: 0 Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П.”Охридски Комуналец”  располага со голем асортиман саден материјал со кој на граѓаните им овозможува да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време. Новиот Расадник  за  производство на  декоративни растенија е лоциран во месноста “Блато”, во населбата “Рача” на површина од околу 70.000 м2 од која во моментов за користење се оспособени околу 18.000 м2. Приспособувањето на просторот се врши постепено и во зависност од освојувањето и прилагодувањето на просторот поради...

Continue reading

Швајцарците ја тужат Невена за Косили

Post Views: 3 Фирмата Chemoflor SA со седиште во Швајцарија, која е единствен легален корисник на лиценцата “Косили”, покренува постапка за поништување на марката на новиот производ на Косили. Спрема тврдењата на Chemoflor SA, со употребата на името Косили, фирмата од Лесковац прави фалсификат на оригиналната марка на Косили, како визуелно така и фонетски. Chemoflor SA од судските органи ќе бара привремена мерка за забрана на производството и продажба на сите производи со името Косили, што ќе доведе до повлекување и уништување на целата роба која се наоѓа на пазарот под тоа име. Против...

Continue reading

plaza

Четири охридски плажи издадени под концесија

Post Views: 9 Четири атрактивни плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро, се доделија под концесија. Постапката за јавно наддавање на 5 плажи заврши на 7 октомври оваа година информира општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Една плажа не е издадена поради некомплетна документација, додава тој. Џамтоски обелоденува дека на јавното наддавање кое се однесува за сите понудени плажи, почетната цена од 80 денари за метар се зголемила на 90 денари, а што се однесува на заинтересираните лица, имало толку понудувачи колку што е и бројот на плажите кои се издаваа под концесија. „Издаени...

Continue reading

вип

Склучила договор за користење интренет, услугата не ја добива, а плаќа сметки

Post Views: 0   Виолета Белическа Ивановска се жали на неисполнета услуга од ВИП мобилниот опрератор. Таа  склучила договор на 24 месеци за користење на интернет услуга. Тврди дека од  17 април па се до денес не може да ја користи бараната услуга, заради дефект.  Побарала од продажниот центар на мобилниот оператор ВИП во Охрид,  како што вели да се отстрани проблемот за да ја користи услугата, а не да плаќа нешто што не го користи. УСБто преку кој Белическа Ивановска треба да ја користи интернет услугата од 23 август е доставен во ВИП и чека одговор што ќе се случи понатака. „ Мислам...

Continue reading

Невработените лица и работодавачите може да се пријавуваат за користење на активните програми и мерки за вработување

Post Views: 2 Охридскиот центар за вработување е подготвен да ги прима апликациите на барателите на работа и заинтерeсираните работодавачи за користење на активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година. Станува збор за 5 мерки и тоа : самовработување со грант, практиканство, мерката субвенционирање на плати, мерката обука за работно место за познат работодавач и Програма за јавни работи, информира Пецо Павлоски, директор на центарот за вработување. Павлоски напоменува дека најмногу интерес од досегашното искуство има за проектот за самовработување...

Continue reading

Elizabeta Kamcevska-Mileska

МАНУ корисник на палатата Уранија

Post Views: 4 Клучот од Палатата Уранија предаден во рацете на Македонската академија на науките и уметностите. Уранија, отсега ќе претставува „Охридски книжевен центар“.Куќата на Уранија предадена на користење на МАНУ. По завршената факсимилна обнова на екстериерот и ентериерот на овој препознатлив белег за Охрид, тој преоѓа во сопственост на институцијата која пред 42 години од тука ги промовираше првите Академици. На вчерашната промоција на овој реномиран споменик на културата за Охрид, присуствуваа Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, Академик Георги Старделов,...

Continue reading

parking

Општината ја спроведува одлуката за раскинување на договорот за закуп на паркинзи

Post Views: 4 Како што ТВМ неофицијално дознава, општина Охрид веќе ја спроведува одлуката за раскинување на договорот за закуп на паркинг простор во централното градско подрачје со кој што во моментов стопанисува ДООЕЛ „Сузуки“, Охрид. Согласно заклучокот на Советот на општина Охрид од 10ти Мај 2013 год, за раскинување на договорот за користење на паркинг просторот, досегашниот приватен субјект не ќе може да наплаќа за паркинг местата. Од Локалната самоуправа најавија подетални информации во текот на утрешниот ден. {loadposition content9}

Continue reading

Ivo Ivanoski

Презентирана „MK Guide“ апликацијата

Post Views: 1 Иво Иваноски, Министерот за информатичко општество и администрација, ја презентира најновата апликација за андроид оперативниот систем, наречена Македонски водич или „MK Guide“. Убавините на Охрид и Македонија отсега достапни на вашиот мобилен преку MK Guide апликацијата. Истата е изработена од страна на  Министерството за информатичко општество и администрација, а во соработка со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и ФИНКИ. Целта на апликацијата е да им помогне на сите посетители и  туристи во Охрид, а посебно на туристичките водичи, да имаат една современа алатка за...

Continue reading

пиом

Пензионерите сакаат на бања ама капацитетот ограничен

Post Views: 0 Во тек е пријавувањето на пензионерите за одење на бања на државен трошок. За само три недели од кога е објавен огласот 400 охридски пенизонери поднесле барања за користење на оваа безплатна можност до охридската филијала на пензиско инвалидскито фонд. Пријавувањето трае до 15-ти февруари. Лани биле пријавени 560 пензионери, а од нив дозвола за бањско лекување добиле 230 охридски пензионери. Се очекува, бројката на пензионери кои ќе поднесат апликации за користење на бања, годинава да биде поголема, информира раководителот на филијалата Самет Ризвани. „ Услугата може...

Continue reading

печурки

Ќе се наплаќа за собирање шумски плодови

Post Views: 3 Во ЈП „Македонски шуми“ се прават подготовки за воведување на дозволи за собирање на шумски плодови. Покрај дозволите  ќе се плаќа и дневна такса. Собирачите на шумски плодови како што се смреката, печурките и лековитите билки од оваа пролет ќе мора да се пријавуваат во јавното претпријатие. Тие ќе може да заработуваат, но ќе мора и на државата да и плаќаат дел од заработката.  Тоа е најавуваниот начин државата преку јавните претпријатија да го контролира природното богатство од уништување.  ЈП  од 2009 година доби можност да изработи  проект за начин на стопанисување...

Continue reading

пчелар

Пчелари внимавајте кому плаќате закупнина

Post Views: 0 Информацијата дека некои пчелари добиле сметки за плаќање на закупнина за пашарина ја негираат од ЈП за стопанисување со пасишта. Порачуваат пчеларите да не плаќаат закупнина ако фактурата не е со лого и печат од ЈП за стопанисување со пасишта. Претседателот на Комсијата за издавање на користење на пасишта, при ЈП за стoпaнисување со пасишта, Амир Беџети ги предупредува пчеларите од можни измами.   „ Им ставаме дознаење за можни злоупотреби. Надоместокот се плаќа само на ЈП за пасишта утврден со тарифник и се плаќа вирмански на жиро сметка. Таа е целта да бидат информирани...

Continue reading

kujna

Не престанува потребата од народната кујна

Post Views: 2 На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна.  Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши. „ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top