• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Невработените лица и работодавачите може да се пријавуваат за користење на активните програми и мерки за вработување

Невработените лица и работодавачите може да се пријавуваат за користење на активните програми и мерки за вработување

За оваа година се планирaни една и пол милјарда денари. Од досегашното искуство невработените и работодавачите се најмногу заинтересирани за проектот за самовработување со грант и субвенционирање на плати.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот центар за вработување е подготвен да ги прима апликациите на барателите на работа и заинтерeсираните работодавачи за користење на активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година. Станува збор за 5 мерки и тоа : самовработување со грант, практиканство, мерката субвенционирање на плати, мерката обука за работно место за познат работодавач и Програма за јавни работи, информира Пецо Павлоски, директор на центарот за вработување. Павлоски напоменува дека најмногу интерес од досегашното искуство има за проектот за самовработување со грант и субвенционирање на плати. За мерката самовработување со грант се обезбедуваат неповратни средства од 307.500 денари по лица или 615.000 денари за два содружника ако се оснива ДОО, информира Павлоски.

„Може да учествуваат со проекти сите невработени лица ,но не може да осниваат дејности од областа на земјоделието, шумарството, лов и риболов и такси превоз. Тие се исклучок од мерката самовработување со грант“.

Досегашното искуство покажува дека послаб интерес има за мерката обука за познат работодавач, а многу поголем е интересот за мерката субвенционирање на плати.

„Субвенционирање на плати е мерка за вработување на едно лице и се обезбедува финансиска поддршка од 19.000 денари за 3, 6, 12 месеци“.

За ова година се обезбедени 1,5 милјарда денари за спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Со него се планира да бидат опфатени 10.279 невработени лица.
Во општина Охрид, во месец февруари се евидентирани 3978 невработени лица на списокот на Агеницијата за вработување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top