Ознака: кои

piperki

Тегла ајвар колку килограм месо

Post Views: 4 Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до 40 ден. па според некои пресметки тегла ајвар ќе чини колку килограм месо. Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето.Единствена олеснителна околност е што маслото за јадење поефтини...

Continue reading

Инвазија на случувањата на Земјата

Post Views: 2 Резолуцијата на Google Maps и  Bing Maps апликациите се зголемува. Американската влада ги укина рестрикциите по тоа прашање, а во иднина пребарувањата по тие сервиси ќе откриваат многу повеќе детали. Досега компаниите не смееа да користат фотографии кои прикажуваат предмети и објекти помали од 50 цм, но Digital Globe, компанијата која се занимава со производство на сателитски снимки, истакнува дека може да продава снимки кои прикажуваат детали и помали од 31 цм, пренесува BBC. Секако, таква инвазија на случувањата на Земјата од вселената веројатно ќе подигне голема прашина...

Continue reading

куќи

Агентите за недвижности бараат побрза урбанизација на потегот Билјанини извори – Пештани

Post Views: 0 Во Охрид има околу 3000 слободни станови за продажба, велат агентите кои работат со продажба на недвижности.  Од нив над 2500 се нудат преку агенциите, а останатите се нудат на разни други начини. Оваа бројка на станови е многу голема за град од 50.000 жители и дефинитивно  пазарот со недвижнсоти е презаситен, укажува на ваквите состојби агентот за продажба на станови и куќи, Александар Трајчески од агенцијата за недвижности Енхалеја. Трајчески смета дека на градот му е потребна промена во градежната политика.„ Да  не се иневстира во големи згради туку во хотелски обејкти...

Continue reading

sonk

Обезбеден надоместот за патни трошоци на наставниците

Post Views: 8 Просветните работници кои одржуваат настава во руралните средини  патните трошоци нема да ги плаќаат од свој џеб. За тој надомест годинава ќе се погрижи Локалната самоуправа. Преговорите помеѓу претставниците на секторот за образование при општина Охрид со претставниците на СОНК кои деновиве интензивно се водеа вродија со плод вели претседателот на Синдикатот, Аце Речкоски. „Резултатот од последната средба што ја имавме со претставниците од Локалната, наидовме на разбирање од нивна страна, значи бесаплатниот јавен превоз на просветниот кадар  кој што ќе патува ќе биде...

Continue reading

mozaik

Македонија богата со мозаично културно наследство, сиромашна со конзерватори

Post Views: 1 Балканот, Македонија, а особено нашиот Охрид располагаат со огромно мозаично културно наследство кое мора да биде сочувано. Конзервацијата и реставрацијата на мозаици е специфична уметност која бара сериозен пристап како не би се изгубило ова огромно наследство. За жал сеуште е мал бројот на конзерватори и реставратори кои би работеле на заштита и враќање на стариот сјај на овие мозаици, но малата бројка на конзерватори според академскиот сликар и конзерватор, Никола Упевче не е проблем со кој се соочува само нашата земја, туку и  целиот регион. Овој проблем, Упевче...

Continue reading

Мобилните телефони влијаат на плодноста

Post Views: 0 Мажите кои мобилните телефони ги носат во џебовите од пантолоните имаат намалено движење на сперматозоидите, сугерира истражувањето објавено во часпописот “Environment international”. Британските научници од Универзитетот Exeter појаснуваат дека намалената подвижност на сперматозоидите е поврзана со поголеми шанси за неплодност. Нивната анализа на наодите спроведена во 10 поранешни истражувања сугерира дека виновник за тоа е изложеноста на електромагнетното зрачење на мобилните телефони. При тоа е утврдено дека мажите кои не се изложени на такво зрачење имаат од 50 до...

Continue reading

trotoar

Ќе се санираат тротоарите на улицата „Питу Гули“

Post Views: 3 Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“. Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека и училиштето...

Continue reading

prvacinja

Започна новата школска година-најрадосни првачињата

Post Views: 1 Денес започна новата школска година во сите основни и средни училишта во градов и земјава. Со исклучително богата и забавна програма беше одбележан стартот на учебната година. На првиот училишен ден секако најмногу се радуваа оние најмалите кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Вршителката на должност директор на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска, на најмалите им кажа дека нивното училиште со радост се подготвувало за нивното доаѓање бидејќи се тие дел од големото училишно семејство. Успешен старт на новата учебна година, и на основците, и на средношколците...

Continue reading

дрвце

Засадени дрвца и донирани книги од поранешни ученици од генерацијата 1948/49 од ОУ Григор Прличев

Post Views: 1 Зимзелени садници и донација на книги за училишната библиотека во ОУ „ Григор Прличев“  подарија група поранешни ученици од генерацијата 1948 /1949 година. Сега возрасни луѓе заедно се навратија на возбудата од првиот училишен ден, а се присетија и на нивните  учителки. Ружди Муфти раскажува за неговата  учителка Тинка Најденова, прекрасна жена,  која се грижела за сите свои ученици и всадила кај нив морални вредности, како што се меѓусебно пријателство и љубов кон постарите и училиштето. Потврда за тоа е неодaмнешната генерациска средба на 50 -тина ученици од ова училиште...

Continue reading

edrilicarska regata

Започнува Балканскиот шампионат во едрење….

Post Views: 5 Охрид домаќин на 46 тиот отворен балкански шампионат во едерење, „Охрид 2013“ . Шампипнатот кој е во организација на Едриличарската федерација на Македонија започнува утре и ќе трае до 8 ми септември. „Минатата година на балканијадата во Балаксиди Грција, ја добивме организацијата на  46 тата Балканијада. Се потрудивме со мали потешкотии  еве сме тука да кажеме дека од денеска до 8 ми септември ќе настапат репрезантациите на Турција, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и домаќинот Македонија“, истакна претседателот на едриличарска федерација на Македонија, Стефан...

Continue reading

сандаци пчели

Неповолна година за охридските пчелари

Post Views: 2   Променливите временски услови годинава неповолно се одразија врз пчеларството во нашиот регион. Богоја Петровски е пчелар со 20 годишно искуство  и оваа година ја отценува како една од послабите. Резултатите од пчеларството зависат од вложениот труд на пчеларот, оној кој вложува повеќе труд добива  и подобри резулатати. Пчеларите кои ги носат сандаците на паша поминуваат подобро од они кои сандациите ги имаат стационарано на едно место. За нив времето не беше наклонето па и приходите ќе бидат во насока на  покривање на трошоците, нагласува Петровски. Појаснува дека...

Continue reading

sovet

Зелено светло за паралелките со помал број ученици

Post Views: 8   Образованието, тема на десетата седница на Советот на Општина Охрид. Во очи на новаста школска година советниците продискутираа за проблемите кои ги мачат училиштата години наназад. Рак рана преставува се помалиот број првачиња, но и намалениот број на ученици кои се запишуваат во средните училишта во градов. Најалармантна е состојбата во ЕМУЦ Св. Наум Охридски и Угостителското училиште Ванчо Питошевски. Денес се бараше согласност од советниците во овие училишта да се формираат паралелки и со помалку од 25 ученици. Според моите пресметки во оваа учебна година ќе се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top