Започнува Балканскиот шампионат во едрење….

Од 2 до 8 септември, Охрид домаќин на  Балкански шампионат во едрење. 

 |  Маленкова Татјана  | 
edrilicarska regata
едриличарска регата

Охрид домаќин на 46 тиот отворен балкански шампионат во едерење, „Охрид 2013“ . Шампипнатот кој е во организација на Едриличарската федерација на Македонија започнува утре и ќе трае до 8 ми септември.

„Минатата година на балканијадата во Балаксиди Грција, ја добивме организацијата на  46 тата Балканијада. Се потрудивме со мали потешкотии  еве сме тука да кажеме дека од денеска до 8 ми септември ќе настапат репрезантациите на Турција, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и домаќинот Македонија“, истакна претседателот на едриличарска федерација на Македонија, Стефан Ставрев.

Натпреварите започнуваат во среда и ќе се одвиваат на три регатни полиња, вели генралниот секретар. edrilicarska regata
 
„Целиот настан ќе се одржи на три регатни полиња, од кои едното регатно поле ќе биде над Канео, другото над плажа Горица и третото над Инекс Горица. Имаме одобрение од капетанија  за непречено спроведување на настанот. Имаме и 8 меѓународни судии  од Романија, Турција, Бугарија и Србија, од кои г-ѓа Пинар ќе го води целиот настан што се однесува на трките во вода“, истакна генералниот секретар, Иван Андреески.

Дека е се подготвено за натпреварувачкиот дел, потврди и главниот офицер на трката, Пинар Чоскунер Генч. Таа вели дека трките ќе започнат на 4ти, за да има доволно време да се подготват другите технички работи. Планираме 12 трки, а ќе имаме повеќе од една патека, вели Генч.

„Пристигнав вчера и како главен офицер на трка на 46то првенство во отворена пловидба сеуште немав вистински поглед да ги погледнам сите технички можности, но сум сигурна дека македонската федерација ќе направат се што е во нивни раце за овие игри да бидат успешни како и сите претходни изданија. Трките најчесто траат 45 до 50 минути со максимално траење до 75 минути ќе има по три трки од секоја категорија секој ден и во зависност од условите и ветерот, не знаеме точно кога ќе започнеме, но најверојатно ќе започне помеѓу 10 и 12 часот па ќе имаме време до зајдисонце. Ќе има најмалку една трка последниот ден. Церемонијата на отворањето ќе биде на 3ти“, истакна главниот офицер на трката, Пинар Чоскунер Генч.

edrilicarska regata
Има 210 натпреварувачи во различни класи од најмалите оптимист, па ласер Стандард, ласер 4.7, радијал 470, Фин и Даск. Нашата репрезентација годинава ќе учествува со 24 такмичари од кои 14 се најмалите од 10 до 14 години  и во класата оптимист во кои има 5 девојчиња и 9 машки.

„Во класата ласер 4.7 четири учесници, Ласер стандард 2 учесници  и учествуваме со две 470 ки и тоа една женска посада  и една машка. Се повеќе и повеќе нашава република почнува да постигнува добри резултати на балканскиве првенства иако некои земји како Турција, Бугарија кои се со мориња, а нашево е езеро,  сепак пружа можности  за многу добри резултати. Се надевема дека и годинава ќе ги имаме“, истакна селекторот на македонската репрезентација, Драган Келешоски.

Покрај со многу спонзори, Балкански шампионат во едрење, технички и финасиски е потпомогнат и од  локалната самоуправа.  „Општина Охрид секогаш превзема активности  и ги подржува ваквите манифестации. Ние сме пред се задоволни  што Охрид и во септември ќе има една манифестација која само по себе е од високо значење, а од друга страна и можност во календарот на настани на Охрид и од туристички и од спортски аспект да се збогати месец септември и продолжи туристичката сезона“, вели  раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

„Од името на градоначалникот Бакрачески, би сакал да им ја изразам подршката што локалната самоуправа и во логистички и финансиски план ја дава на оваа манифестација. Општина Охрид во многу нешта помага на вакви манифестации. Пред нас следи атлетискиот маратон, тука беше и пливачкиот маратон, ние максимално се залагаме и веруваме дека она што како локална самоуправа можеме да го дадеме како финсиска или логистичка помош ќе биде доволен поток и за организаторите и за останатите помагатели да се вклучат активно во вакви активности“, истакна раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Свеченото отворање на Балкански шампионат во едрење е утревечер. Свеченоста ќе се одржи на градскиот плоштад во 19.30 минути.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top