• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Засадени дрвца и донирани книги од поранешни ученици од генерацијата 1948/49 од ОУ Григор Прличев

Засадени дрвца и донирани книги од поранешни ученици од генерацијата 1948/49 од ОУ Григор Прличев

Засадени  дрвца и донирани книги од поранешни ученици од генерацијата 1948/49 од ОУ Григор Прличев.

 |  Валентина Неловска  | 
дрвце
дрвце

Зимзелени садници и донација на книги за училишната библиотека во ОУ „ Григор Прличев“  подарија група поранешни ученици од генерацијата 1948 /1949 година. Сега возрасни луѓе заедно се навратија на возбудата од првиот училишен ден, а се присетија и на нивните  учителки. Ружди Муфти раскажува за неговата  учителка Тинка Најденова, прекрасна жена,  која се грижела за сите свои ученици и всадила кај нив морални вредности, како што се меѓусебно пријателство и љубов кон постарите и училиштето. Потврда за тоа е неодaмнешната генерациска средба на 50 -тина ученици од ова училиште на која се собрале сокласниците од градот, повеќе европски земји и САД. Тие со задоволство ја прифатиле идејата на Цано Сталески кој живее во Америка да донираат книги и да засадат дрва во нивното училиште на првиот училишен  ден, објаснува Муфти.

генерација
„ Се договоривме од нашата генерација 1948/49  нешто да остане во училиштето. Со нашите скромни пензиски примања собравме средства за садници и книги за потребите на библиотеката, направивме нешто скромно за нашето некогашно училиште.“

Градоначалникот Никола Бакрачески ја поздравува иницијативата на поранешните ученици од ова школо. На акцијата гледа  како на општествено одговорна активност на овие наши сограѓани. Од најрана возраст треба да ја развиваме еколошката свест кај најмладите и да ја надградуваме, рече Бакрачески. Првиот човек на градот се осврна и за состојбите со хортикултурното уредување на општинските основни и средни училишта.  
дрвце

„ Во глобала сума задоволен од она што го гледам во училишните дворови. Но, мора да се признае дека е потребно  уште многу да се работи. Ни  претстојат многу  проекти со кој дворовите треба да изгледаат што поубаво. Локалната самоуправa ќе прави напори да ги поддржи максимално сите напори на основните и средните училишта во таа насока.“

Директорката на основното  училиште „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска вели дека спровеле активности со кои започнале да го оплеменуваат училишниот двор. Најави  слични проекти со кои ќе продолжат во иднина, а ги повика  учениците да се грижат за нивниот школски  двор.

Општинските училишта не располагаат со сопствен буџет за хортукултурно уредување на дворовите. Останува  умешноста и иницијативите на директорите  да издејствуваат акции за оплеменување на школската средина и поддршката од Локалната самоуправа. 

{loadposition content9} 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top