Мобилните телефони влијаат на плодноста

Објавено е истражување во часописот Environment international

 |  инфодеск  | 

Мажите кои мобилните телефони ги носат во џебовите од пантолоните имаат намалено движење на сперматозоидите, сугерира истражувањето објавено во часпописот “Environment international”.

Британските научници од Универзитетот Exeter појаснуваат дека намалената подвижност на сперматозоидите е поврзана со поголеми шанси за неплодност.

Нивната анализа на наодите спроведена во 10 поранешни истражувања сугерира дека виновник за тоа е изложеноста на електромагнетното зрачење на мобилните телефони.

При тоа е утврдено дека мажите кои не се изложени на такво зрачење имаат од 50 до 80% нормално подвижни сперматозоиди.

Наспроти тоа, кај мажите кои биле најмногу изложени на електромагнетното зрачење, подвижноста на сперматозоидите се движела околу 8%.

Имено, се проценува дека 14% од паровите, во средно и високо развиените земји, имаат потешкотии со зачнувањето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top