Ознака: здравје

andon dukov

Сеуште се бара загадувачот на водата кај плажата „Андон Дуков“

Post Views: 2   Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле забележани...

Continue reading

12 илјади совети за здравјето

Post Views: 2 Здравје значи грижа за себе, посветување време на превенција. Денеска на одбележувањето на Денот на здравјето се одлучивме да посветиме внимание токму на превенцијата. Низ Скопје поделивме 12 илјади практични пораки со 20 совети како со најмал напор да се подобри човековото здравје. Сакавме на ваков невообичаен начин да ја подигнеме свеста на граѓаните дека за здравје е потребно мало внимание и следење на практични совети, изјави доктор академик Жан Митрев. Оваа активност е во согласност со светското мото за одбележување на денот – ако нема активност денес, нема ниту...

Continue reading

vodi

Алармантно нивото на загаденост на Охридското езеро кај Андон Дуков и женска плажа во Струга

Post Views: 19 Водата кај плажите Андон Дуков и Женска плажа во Струга со алармантен степен на загаденост. Црвеното светло го уклучија последните испитувања кои ги спровеле екипите од Центарот за јавно здравје од Охрид кои покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска можна, односно петта класа, опасна и по здравјето на луѓето. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека според Уредбата за класификација на води, за петта класа се смета водата која во себе содржи над 500 термотолерантни бактерии, односно...

Continue reading

institut za JZ

Во Македонија нема зголемена радиоактивност

Post Views: 6 Институтот за јавно здравје на Република Македонија врши редовен мониторинг на радиоактивноста во животната средина на територијата на Македонија, согласно Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност.Мониторингот на брзината  на амбиенталниот дозен еквивалент (доза на јонизирачко зрачење) се врши континуирано, 24 часа на 11 мерни места (станици) рамномерно распоредени на целата територија на Македонија. Дозата се мери во интервали од пет минути кои што на Институтот му  се веднаш достапни преку директни линкови. Измирените вредности на амбиенталниот...

Continue reading

заби

Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво

Post Views: 13 Оралното здравје кај децата се подобрува, но не на задоволнително ниво, покажале резултатите од неодамна спроведената акција на превентивни стоматолошки прегледи. Од 163 прегледани деца на возраст од 6 до 10 години само 2 проценти биле без кариозни запчиња. 70 % со 1 до 2 кариозни заби, а 20 посто со повеќе од 3 кариозни заби, информира д-р Емилија Стојаноска, стоматолог од приватната ординацијата д-р Баткоски. Со превентивните прегледи било  констатирано дека 43 посто од прегледамите деца се со ортодонски аномалии. Кај децата е констирано и запоставување  на малечните...

Continue reading

logo

Недела за борба против сидата во Охрид

Post Views: 4 Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото “ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ” со низа активности заедно Ќе го одбележат Црвен крст Охрид, ОпцијаОхрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности: 01.12.2014 г. (12:00ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоШтад(плато Летница)-можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни...

Continue reading

vakcina grip

Потрошени вакцините против грип

Post Views: 3 Во првата недела од имунизацијата потрошени се сите 1450 вакцини за грип. Охриѓани побрзале да се заштитат од грипот, а 60 до 70 % од вакцинираните  се лица над 65 годишна возраст. Покрај повозрасни граѓани и лица со хронични заболувања како астма , дијабетес, срцеви заболувања, белодробни болести, биле имунизирани и 50 здравствени работници, изјави д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Епидемиологија при Центарот за јавно здравје, Охрид. „Нова порачка на вакцини нема да има бидејќи заврши тендерот и нема нов тендер да се разпишува за оваа сезона.Оние кои не се вакцинирани...

Continue reading

sv Petka

На Петковден голем број верници го посетија манастирот на Св. Петка во Велгошти

Post Views: 42 Голем број велгоштани и охриѓани  денес го посетија манастирот Св Петка. Со свеќа и молитва се поклонија пред иконата  на светицата.  Верниците кои овој ден го слават како семејна слава осветуваа  леб.  И покрај ладното утро голем број на верници дојода  во Св. Петка. Цвета од Охрид вели дека на овој ден често доаѓа во манастирот. Доаѓа почесто на литургиите во петок, но задолжително на Петковден, на Свети Петка во месец август и на источен Петок. Се молиме за здравје, палиме свеќи, а црквата од пред неколу години дава и ручек, вели охриѓанката Цвета. Со Божествената...

Continue reading

logo

Во Охрид започнува вакцинирањето против сезонски грип

Post Views: 4 Денес, во Центарот за јавно здравје – Охрид, започнува вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центарот, секој работен ден од 8.30 до 15 часот. Вакцинирањето против сезонски грип ќе се врши со вакцина „Influvac“ од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцината изнесува 400 денари. {loadposition content9}

Continue reading

Badnikova trpeza

Паричка за среќа и бериќет

Post Views: 65 „Коледе леде, паднало греде, утепало деде, деде се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, шаткини… Денес е Коледе, утре е Божик, ќе колеме теле, теле вика леле, не колете мене, ќе ви купам зелје, да месите пита, да јадете сите. Коледеее…“ Утрово, веројатно, ве разбудија звуците од традиционалната коледарска песна, насмеани дечиња и ладни рачиња. Коледарчињата, предвесници на Христовото раѓање, сигурно ги почестивте со некоја паричка, јаболче, костенче, бомбонче и ги испративте со желби за добро здравје, бериќет и благосостојба во домот. Православните христијани...

Continue reading

mraz

Да знаете што има во коцките мраз

Post Views: 6 Најново истражување направено од страна на Агенцијата за заштита на здравјето покажало дека во коцките мраз се наоѓа бактерија која доаѓа заедно со валканите раце, нивното лошо миење по употребата на тоалетот. При тестирањето на мразот, неговата машина и приборот за мраз покажале катастрофални резултати – се појавиле околу 30% лоши хигиенски услови. Со споредувањето на резултатите од 1990 година, околу 50% од луѓето доживеале гадење поради нечист мраз во пијалокот. Од Агенцијата за здравје изјавуваат дека инфекциите се јавуваат бидејќи машините не се чистат, а вработените...

Continue reading

вакцини

Вакцинирањето против сезонски грип ќе почне кон крајот на овој месец

Post Views: 1 Хронично болните и граѓаните кои редовно се  вакцинираат  проив сезонскиот грип ќе бидат вакцинирани кон крајот на овој месец, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје. Министерството за здравство ја завршило  тендерската набавка, па така за потребите на охридскиот центар се набавени 2500 вакцини. Од нив 1500 вакцини се наменети за охриѓани, 600 за стружани и 400 за жителите на  Дебар. Вообичаено стартот на вакцинирањето во Ценатрот почнува после 20 -ти октомври. Се очекува само на распределба на вакцините по центрите за јавно здравје.  Од таму највуваат дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top