Потрошени вакцините против грип

Само за една недела од почетокот на имунизацијата против сезонски грип потрошени се вакцините во охридскиот центар за јавно здравје.  Нови количини нема да се набавуваат независно од пројавениот интерес на граѓаните.

 |  Елена Пирузе  | 
vakcina grip
vakcina-grip

Во првата недела од имунизацијата потрошени се сите 1450 вакцини за грип. Охриѓани побрзале да се заштитат од грипот, а 60 до 70 % од вакцинираните  се лица над 65 годишна возраст. Покрај повозрасни граѓани и лица со хронични заболувања како астма , дијабетес, срцеви заболувања, белодробни болести, биле имунизирани и 50 здравствени работници, изјави д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Епидемиологија при Центарот за јавно здравје, Охрид.

dr sturlakovaНова порачка на вакцини нема да има бидејќи заврши тендерот и нема нов тендер да се разпишува за оваа сезона.Оние кои не се вакцинирани а имаат желба да се заштитат од вирусот на сезонскиот грип добро е да побараат вакцини во аптеките или во Центрите за јавно здравје во Битола и Скопје доколку има останато одредена количина.“ – изјави д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Доктор Стурлакова Коровешоска признава дека не ја предвиделе големата побарувачка за вакцини против грип за оваа сезона. Дополнително во центарот ќе се прават анализи  со цел да се планира набавката за идната година.  

За наредната сезона планираме уште барем 120 до 150 дополнителна количина. Кога се врши нарачка, а тоа е некаде февруари најдоцна до март, и ние треба да кажеме колкава количина на вакцини ни се потребни, треба да се направи анализа колку се потрошиле.  Последниве три години се потрошија по 2500 вакцини. „-  вели д-р Стурлакова Коровешоска.

Во Охрид во моментов не е пријавен ниту еден случај на заболен од грип. Во државава досега последната бројка за грипосани заклучно со последната недела од октомври се искачи на 200.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top