Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво

Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво.

 |  Валентина Неловска  | 
заби
заби

Оралното здравје кај децата се подобрува, но не на задоволнително ниво, покажале резултатите од неодамна спроведената акција на превентивни стоматолошки прегледи. Од 163 прегледани деца на возраст од 6 до 10 години само 2 проценти биле без кариозни запчиња. 70 % со 1 до 2 кариозни заби, а 20 посто со повеќе од 3 кариозни заби, информира д-р Емилија Стојаноска, стоматолог од приватната ординацијата д-р Баткоски. Со превентивните прегледи било  констатирано дека 43 посто од прегледамите деца се со ортодонски аномалии. Кзабиај децата е констирано и запоставување  на малечните заби, нагласува д-р Стојаноски.

д-р Вера Наумовска специјалист по детска и превентивна стоматологија, од нивната пракса пак нагласува дека е подобра ситуацијата со заштита на трајните  заби.

„ Имаме голем успех  посебно со залевањето на трајните  заби и успехот е голем. Децата почнаа да се грижат за своето здрвје и е реткост е на 7 години , како што беше порано случај, кога сме имале вадење на 6-ки, сега  веќе тоа е реткост, кажува д-р Наумовска.

За да се подигне нивото на оралното здравје кај децата волонтерите на ЦК спроведуваат низа активности.

заби

Со најновата акција, волонтерите на Црвен крст, во рамките на активностите „Здрава насмевка – среќно детство“ планираат одржување на  активности со предавања пред 6 годишни деца од руралните средини.

„Предавањата  ќе се со наслов важност на трајните заби и ќе им се дадат на учениците начела за правилно одржување на оралната  хигиена и здарвата  храна и редовна посета на стоматолог“, напоменува волонтерот на ЦК, д-р Кристина Алоска Стојаноска.   

Предавањата ќе се одржуваат во основните училишта во Пештани, Коњско, Елшани, Велгошти и Лескоец.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top