Ознака: здравје

pritisok

Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид

Post Views: 3 Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек. Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето. „Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите,...

Continue reading

gluvce

Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид

Post Views: 5 Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид. Покрај штетата која ја предизвикуваат овие штетници имаат и епидемиолошко значење, бидејќи се преносители на околу 40 различни болести кај човекот дали дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Како и лани така и оваа година, но овој пат еден месец порано, на 25-ти и 26-ти септември, ќе се изведе системска дератизација од страна на ЈП „Нискоградба“...

Continue reading

лисица

Центарот за јавно здравје предупредува на опасноста од појавата на лисици во градов

Post Views: 1 Лисица со шест мали лисичиња сеуште се шета во стариот дел на градот. И покрај бројните реакции на варошани никој не се најде надлежен за решавање на овај сериозен  проблем. Од локалната се оградија велејќи дека немаат никакви ингеренции и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак велат дека можат да интервенираат само во случај ако има отстрел на некое диво животно по што излегуваат на терен земаат мостри...

Continue reading

uspenie na presveta bogorodica

Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката Божја

Post Views: 16 Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес го одбележува големиот христијански празник Голема Богородица. Овој ден спаѓа во дванаесетте големи христијански празници а поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Река од луѓе денес ја посетија истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, се помолија за здравје, ксмет, запалија свеќи, каснаа нафора наполнија од осветената вода а некои се причестија после двонеделниот Богородичен или Преображенски...

Continue reading

virshla

Виршлите поштетни и од цигарите

Post Views: 2 Група лекари од Вашингтон ги шокирала Американците по објавувањето на резултатите од истражувањето каде омилената храна на многумина – виршлите ја споредуваат со цигарите по штетноста која ја имаат за човечкото здравје.Насекаде во Америка се појавиле билборди на кои виршлите излегуваат од пактетите со цигари, а покрај нив стои натписот: „Виршлите можат да ви го уништат здравјето“.Со оваа парола, научниците се обидуваат кај луѓето да ја разбудат свеста за тоа колку се, всушност, виршлите штетни, поради што имаат големо влијание на појава на рак на дебелото црево. Само...

Continue reading

listerija

Засилени контроли поради појавата на бактеријата листерија

Post Views: 2 Граѓаните деновиве во паника поради појавата на смртоносната бактерија листерија од која за еден месец се заразија седум, а починаа три лица. Бактеријата може да ја има во месото и млекото, пастеризирано и непастеризирано, млечните и месните производи, морските плодови и рибата, како и во овошјето и зеленчукот. Од Центарот за Јавно здравје од Охрид велат дека од почетокот на годината во лабораторијата исконтролирале 100тина примероци од прехранбени производи од најразлични видови, од готови јадења, до слаткарски производи, сладоледи, меса, млечни производи. 70% од нив...

Continue reading

sovetuvanje

Глувите лица и важноста на оралното здравје

Post Views: 5 Неодамна во просториите од здружението на глуви и наглуви лица од Охрид беше одржано советување на тема ВАЖНОСТА НА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ. Советувањето го одржа Др. Кристина Стојаноска Алоска -стоматолог, а на гестовен јазик преведуваше г-гја Славица Стефаноска секретар на ова здружение. “Советување на ваква тема за прв пат до сега е одржано пред нашите членови. Интересот за корисните совети за  оралното здравје го докажавме со посетеноста на членовите” – рече г-гја Стефаноска. “Во вториот дел од нашата денешна прва средба, на мое огромно задоволство...

Continue reading

sovetuvaliste

Охридските доктори прво сами ќе се откажуваат од пушење, а потоа ќе помагаат на пациентите

Post Views: 11 Докторите и медицинскиот персонал од Охрид први ќе се откажуваат од пушењето во новоотвореното советувалиште за откажување од пушење. Високиот процент на пушачи во категоријата здравствени работници ќе се намалува во она што се нарекува прва фаза од функционирањето на советувалиштето за откажување од пушење. Во втората фаза, откако ќе се справат со сопствената зависност, здравствените работници ќе се обидат да им помогнат на нивните пациенти да го сторат истото. Ова советувалиште ќе функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид, а е дел од поголемата...

Continue reading

езеро

Водата во езерото погодна за капење

Post Views: 2 Охриѓани и гостите доколку имаат желба слободно можат да се капат во езерските води. Од Центарот за јавно здравје велат дека водата е со одличен квалитет. Мострите кои биле земени од 40 точки на брегот на езерото покажале дека најголемиот дел од водата е од прва категорија, а помал од втора. Ова е очекувано во овој дел од годината. Водата е со најдобар квалитет на потегот од Св. Наум до Парк. Мала деградација има на Сараиште и на пристаниште, но тоа е поради поголемиот воден сообраќај, вели бромологот Сашо Точков. Сеуште проблем преставуваат трите реки во охридско, Коселска,...

Continue reading

чешма

Охриѓани се жалат на квалитетот на водата за пиење

Post Views: 1 Охриѓани деновиве се жалат на квалитетот на водата за пиење. Велат дека има чуден мирис и е заматена и додаваат дека по се изгледа тоа се должи на обилните дождови кои ги имавме изминативе денови.  Од Центарот за јавно здравје смируваат. Велат дека водата од градскиот водовод постојано се контролира и дека е со добар квалитет. –Апелирам до сите граѓани кои ќе почувствуваат или видат некое отстапување од квалитетот на водата да се јават во Центарот за јавно здравје или да ја користат нашата веб страна каде можат да се информираат за одредени препораки не само за...

Continue reading

robbie williams

Има либидо како 100 годишник

Post Views: 11 Роби се распрашувал за хормонот за раст што го користат средовечни мажи за да го забават процесот на стареење, но докторите му кажале дека не му е потребно такво нешто. Но тестот од крвта покажал дека пејачот има ниско ниво на тестостерон, па Вилијамс решил да вбризгува хормони за да го зголеми сексуалниот нагон. „ Бев на лекар за да ми препишат соодветна терапија. Тоа го користат многу момци во Лос Анџелес за да изгледаат како да имаат 40 години, а не 60. Тоа ќе го подобри моето здравје, паметење, изгледот на кожата и косата“, вели Роби. Пејачот, кој минатата година...

Continue reading

Anna kournikova

Ана Курникова ќе тренира “лузери”

Post Views: 0 Ана Курникова (29) ќе стане личен тренер на американското реално шоу, во кое дебелите луѓе се борат кој ќе намали повеќе килограми. Оние во “кампот за дебели” имаат советници, нутриционисти и тренери.Девојката на Енрике Иглесиас ќе “влета” наместо стандардниот тренер Џилијан Мајклс која оди на породилно, и која веќе со години ги “малтретира” учесниците. “Ана е вистински пример за здравје и добра форма, и знаеме дека ќе го освежи шоуто”, рекол продуцентот Тод Лубин.{loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top