Ознака: здравје

Tockov ispituvanja

Водата за пиење безбедна, водата во Охридското езеро со различен квалитет

Post Views: 7 Центарот за јавно здравје самоиницијативно го испита квалитетот на водата во Охридското езеро, но и квалитетот на водите во охридскиот, струшкиот и дебарскиот водовод. Причина за тоа е поголемиот дотек на вода во Охридското езеро изминативе три месеци кој предизвика повеќе проблеми и во колекторскиот систем и на охридското крајбрежје. Центарот за јавно здравје примероците вода од Охридското езеро ги зел од повеќе локации кои ги сметале за покритични. Еден примерок бил земен кај пумпната станица Метропол од каде градот се снабдува со вода за пиење, еден примерок бил земен...

Continue reading

ishrana skoli

Како се хранат вашите деца додека се на училиште?

Post Views: 1 Каква храна консумираат децата додека се на училиште? Ова е прашање кое го допира секој родител. Одамна веќе по училиштата не функционираат оние класични кујни, со готвачки и убаво подготвено мени кои се дел од самото училиште. Наместо тоа, сега храната за вашите деца ја подготвуваат приватни фирми кои само географски се поврзани со училиштето за кое готват. Основното училиште Свети Климент Охридски е едно од училиштата каде што функционира ваква кујна. Тие велат дека се трудат храната за децата да биде свежо подготвена, а и во во неа да доминираат овошјето и зеленчукот. Директорката...

Continue reading

voda

Водата за пиење во Охрид нема да се испитува – Михаилов

Post Views: 1 Најновите вработувања во МЈП „Проаква“, го налутија директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. Тој се закани дека во Охрид ќе се случи прекин на испитување на квалитетот на водата за пиење, бидејќи на Центарот неопходни му се средства за набавка на основните материјали  за вршење на испитувањата. Според Михаилов, не може едно Јавно Претпријатие кое има голем долг кон институциите да вработува нови партиски војници. „Како раководител на едно ЈП, морам да кажам дека, вработувањето на луѓе без никаква причина во претпријатие кое што долгува огромни средства...

Continue reading

predavanje za grip

Црвениот крст ги обучува основците како да се заштитат од грип

Post Views: 5 Засилена лична хигиена, редовно миење на раце, заштита при кивање со хартиени шамивчиња, редовно проветрување на простории. Овие мерки навидум ни се познати, но колку од нив ги применуваме. Токму ова е поводот Црвениот Крст во основните училишта да спроведе предавања на тема како да се заштитиме од грип. „За училиштата препорачавме засилена хигиенизација и кај нив редовно проветрување на училниците и ходниците, вонредна дезинфекција на просториите, повторни систематски прегледи на вработениот персонал“, вели епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска. Едукативните...

Continue reading

gradinka decinja

Охридските образовни институции ги следат препораките за заштита од грип

Post Views: 2 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита. „Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен...

Continue reading

bakteriji

Епидемиолозите предложија низа мерки со цел да се спречи ширењето на стрептококната ангина

Post Views: 8 Центарот за јавно здравје апелира до сите матични лекари кои имаат сомнение на инфекција со Стрептокок задолжително да ја известат епидемиолошката служба. Целта на ваквото пријавување е што побрзо да се детектираат децата со Стрептококна инфекција, поточно да се открие изворот и да се спречи понатамошното ширење на ова заразно заболување. Епидемилогот Јованка Стурлакова Коровешоска за ТВ М ги открива предложените бројни мерки и активности во предучилишните и училишните установи се со цел да се спречи ширењето на стрептококните инфекции.   „Засилена хигиенизација на занималните,...

Continue reading

aparat

Нови апарати во Центарот за јавно здравје

Post Views: 0 Центарот за јавно здравје се поднови. Набавени се неколку софистицирани апарати со што ќе се подобрат здравствените услуги на граѓаните. Новите апарати се сместени во микробилоошката лабораторија како и во санитарната лабораторија, а ќе се користат за правење анализи на крвта како и за анализи на храната и водата. Еден од апаратите служи за брзо откривање на бактериите во крвта. Со него се добиваат 96 анализи во минута а резултатите се  со 100 процентна точност. Доколку резултатот е позитивен се добива антибиограм со 30 можни антибиотици. „Здравствените услуги за кои...

Continue reading

црвен крст

Во Охрид не е регистриран случај на Хив Сида

Post Views: 12 Оваа година, за среќа, за Охрид ќе протече без нити еден евидентиран случај на Хив/Сида. Во земјава пак,  бројот на ново регистрирани случаи е 20 заболени, од кои 13 се Хив позитивни и 7 случаи отпаѓаат на заболени од Сида. Најмногу регистриарни има на возраст од 30 до 39 години 8 случаи, 6 случаи се на возраст од 40 до 49  и 5-мина случаи се на возраст од 20 до 29 години. Меѓу заболените се 15 мажи и 5 жени, а за жал има и едно дете на 6 години каде што преносител била мајката. Последните 2 случаи во Охрид се откриени во 2007 година. Од почетокот на Хив /сида епидемијата...

Continue reading

vakcini

Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип

Post Views: 5   Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип. Сите 2100 вакцини кои годинава ги набави Центарот за јавно здравје веќе се потрошени. Директорот Атанаско Михаилов вели дека ќе се потрудат да набават барем уште 200вакцини се во интерес на граѓаните. Зголемениот интерес на граѓаните за вакцинирање се должи на зголемувањето на нивната свест колку тоа е добро за заштита на нивното здравје, вели Михаилов. Вакцинирањето е најбезбеден,, најлесен и наефтин начин на заштита од грип. Вакцината чини 400 ден., а доколку граѓаните заболат од грип ќе ги чини многу повеќе...

Continue reading

ispituvawe

Охрид има квалитетна вода за пиење

Post Views: 12 Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори. Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на...

Continue reading

vakcinacija

Утре започнува вакцинацијата од сезонски грип

Post Views: 6 Сезоната на грипови сеуште не започнала, но затоа започнува обидот за намалување на бројот на заболени од сезонски грип. Од утре официјално, во Центарот за јавно здравје во Охрид, ќе започне општата имунизација на граѓаните од Охрид, Струга и Дебар. Секоја година се јавува познатата дилема дали воопшто да се прима оваа вакцина и колку е таа корисна. Директорот на Центарот за јавно здравје Д-р Атанаско Михаилов смета дека не постои никаква оправданост за овој сомнеж. „Ако не е корисна оваа вакцина, тогаш Светската здравствена организација и сите здравствени работници...

Continue reading

medicinski otpad

Државaта ќе се справува со медицинскиот отпад

Post Views: 2 Опасниот медицински отпад ќе се третира децентрализирано. Со ова значително би се намалиле трошоците за негов транспорт до депонијата во Дрисла, а  би се минимизирал и бројот на лицата кои би дошле во контакт со овој високоризчен смет, предлагаат од Министерството за здравство. Инаку реализацијата на овој проект би се спровела преку јавно-приватно партнерство, помеѓу ресорното министерство и комуналното претпријатије групацијата ЕКО, од кое веќе започнаа со обука на медицинските лица од здравствените установи низ повеќето градови од земјава, објаснува Сашо Јанакиевски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top