Ознака: здравје

komarec

Општините треба да спроведат трето доплонително прскање против комарци

Post Views: 3 Оваа препорака доаѓа од вонредната средба на комисијата за заразни болести при министерството за здравство, по двата смртни случаи во земјава од западно нилската треска и неколкуте хоспитализирани пацинети од ова вирусно заболување. Препораките за ново запрашување посебно се однесуваат на општините каде што има дополнителен ризик за развој на ова заболување, во кои спаѓаат Охрид и Струга, затоа што ова се места каде има води, мочуришта, блато, поточно услови за размножување на комарците. Директорот на центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов потполно се сложува дека...

Continue reading

epruvetti

Идеално време за стомачни вируси

Post Views: 6   Летото е на заминување, но стомачните вируси карактеристични за ова годишно време токму сега го достигнуваат пикот . Статистиката покажува дека тие се најзастапени токму  во месец Август. Најчестите симптоми на ова заболување се грчеви во стомакот, 5 до 6 водени столици во текот на денот, гадење, нагон за повраќање, а многу често овие вируси знаат да бидат пропратени и со висока температура. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на јуни па до денес има 40 пријави за заболени од стомачен вирус. Но ова не е реалната бројка, велат од таму. Објаснуваат дека...

Continue reading

fontani

Живите води низ Охрид исправни за пиење

Post Views: 6 Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење. Граѓаните може спокојно да ја гасат жедта на овие јавни чешми. Но, според Законот за води, водата која не е хлорирана не смее да се користи за широка употреба за пиење. Затоа овие чешми може да се користат само како алтернативен извор иако се бактериолошки и хемиски исправни, напоменува д-р Атанско Михаилов, директор на Центарот јавно здравје. Заради безбедност на граѓаните службите на Центарот вршат постојана контрола, информира д-р Михаилов.„Секој месец, земаме примероци...

Continue reading

Sturlakova

Двојно зголемен бројот на лица заболени од овчи сипаници

Post Views: 7 Во Охрид од почетикот на оваа година па до денес двојно е зголемен бројот на заболените од варичела или овчи сипаници. Од Центарот за јавно здравје велат  дека досега се регистрирани 108 пријави за ова заразно заболување. Но, од таму потенцираат дека нема место за паника. Иако бројката е висока таа се движи во границите на нормалата. Д-р Јованка Стурлакова Коровешиска вели дека зголемувањето на бројот се должи на поажурното пријавување на заболените од страна на нивните матични доктори. Матичните доктори се повеќе ја почитуваат законската обврска и ги пријавуваат болните...

Continue reading

treva

Пристигнаа крлежите

Post Views: 8 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека добро треба да се искоси тревата во дворовите и парковите затоа што крлежите најмногу ги има во тревата и на влажните места. Лекарите објаснуваат дека не секој крлеж е заразен, но апелираат каснатите да побараат помош оти болеста може да се развие и по...

Continue reading

pap test

Бесплатен ПАП тест, ама кога?

Post Views: 0 Наскоро започнува кампањата за спроведување на бесплатни ПАП тестови. Имено, со оваа кампања, во текот на наредните три години треба да бидат опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години. Главни имплементатори се Министерството за здравство, Центрите за јавно здравје од земјава и секако матичните гинеколози. Др.Слободанка Коцева од Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека сите 11 матични гинеколози на подрачјето на Охрид Струга и Дебар се уредно поканети. „Тие се должни со оваа покана да ги обавестат нивните пациентки на возраст од 24-35 години, да направат...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Михаилов контра Алче

Post Views: 1 „Многу работи кои ги кажа директорот на ЈП Охридски Комуналец се ноторна лага, невистина, клевета, елементарно непознавање и треба да ги дообјасниме“, истакна директот на Центарот за јавно здравје, Атансако Михаилов. Тој додаде дека пресс конференцијата во Комуналец била со цел замајување на јавноста и префрлување на вниманито на јавноста на друга страна, поради поскапувањето на цената на комуналните услуги и субвенциите од 14 милиони денари кои што ги доби ЈП, но дека сето ова нема ништо заедничко со Центарот за јавно здравје. „За Сашо Алче варењето на грав и автоклавирањето...

Continue reading

Saso Alce pres

Алче нема намера да се извинува

Post Views: 1 Не се смируваат разгорените страсти помеѓу Алче и Михаилов. Не престануваат ниту низата обвинувања, навреди и клевети на адреса Центар за Јавно здравје, ЈП „Охридски Комуналец“ и обратно. Причина, медицинскиот отпад кој деновиве работниците на ЈП Охридски Комуналец го затекнаа во контењер на ул Сирма Војвода“, во близина на болничкиот комплекс. „Прозван сум и должен сум да му одговорам на Михаилов, зошто не се вакцинирани вработените на ЈП“, вели Алче. Алче тврди дека во овој момент Михаилов го уценува ЈП со авансно плаќање за извршување на вакцинирањето. Тој го потсети...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Михаилов бара извинување од Алче

Post Views: 2 Ноторна лага и клевета се обвинувањата кои ги искажа директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, на адреса на Центарот за Јавно Здравје. Не можеме и не смееме да дозволиме некој да оцрни една вака одговорна здравствена институција, посебно од аспект што позади неа стои еден долгогодишен добро обучен тим на доктори, пред се професионалци, вели директорот на Центарот за Јавно здравје, Атанаско Михаилов. Тој застана цврсто во одбрана на својата институција и потенцира дека сите вработени биле згрозени од она што го слушнале од страна на директорот на Комуналец. Во...

Continue reading

HPV vakcina

Заврши кампањата за вакцинација против ХПВ вирусот

Post Views: 2 Денес заврши заедничката кампања на министерствата за здравство и образование „Да се бориме заедно против ракот на грлото на матката“, односно кампањата за бесплатна вакцинација на девојчињата против ХПВ вирусот. 500 евра казна за родителите кои нема да дозволат вакцинирање со ХПВ вакцина, против рак на грлото на матката на нивното девојче. Кампањата, во Охрид,  со катастрофален резултат, вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. До основните училишта во земјава биле доставени известувања за задолжителна вакцинација на девојчињата од 12 до 14 годишна возраст, по што Директорите...

Continue reading

dijabet karavan

Караванот „За здравје се потребни двајца“ пристигна во Охрид

Post Views: 1 Караванот за бесплатни совети и мерење на шекер во крвта во Охрид. Под мотото „За здравје се потребни двајца“, оваа акција организирана од страна на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Министерството за здравство, предизвика огромен интерес, не само кај пациентите со дијабетис туку и кај останатите граѓани. Идејата на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, е да се преземе една  поопсежна акција,  со која што не само ќе се мери шеќер, туку ќе се изврши целосен преглед на дијабетичарите, вели Прим Д-р Др. Аврам Ванкоски -Претседател на Сојузот...

Continue reading

voda

Водата од градскиот водовод исправна за пиење

Post Views: 10 Место за паника и страв нема смируваат одговорните луѓе од двете институции кои ја контролираат водата за пиење од градскиот водовод,  по зачестените реакации дека водата во охридскиот водовод има сомнителен квалитет. Многу граѓани се жалат дека водата од градскиот водовод во изминативе денови имала чуден мирис. Од МЈП „Проаква“ упатуваат  смирувачки тонови дека водата за пиење од градскиот водовод нема сомнителен квалитет, таа е микробиолошки и бактериолошки исправна вели Владимир Алексиоски , одговорен за испитување на квалитетот на  водата од Проаква.    Мостри за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top