Државaта ќе се справува со медицинскиот отпад

Покрај неговото одлагање во депонијата Дрисла, овој вид опасен отпад да се уништува децентрализирано, предлагаат од Министерството за здравство.

 |  Голабовски Крсте  | 
medicinski otpad
медицински отпад

Опасниот медицински отпад ќе се третира децентрализирано. Со ова значително би се намалиле трошоците за негов транспорт до депонијата во Дрисла, а  би се минимизирал и бројот на лицата кои би дошле во контакт со овој високоризчен смет, предлагаат од Министерството за здравство. Инаку реализацијата на овој проект би се спровела преку јавно-приватно партнерство, помеѓу ресорното министерство и комуналното претпријатије групацијата ЕКО, од кое веќе започнаа со обука на медицинските лица од здравствените установи низ повеќето градови од земјава, објаснува Сашо Јанакиевски од групацијата „ЕКО Клуб“.

medicinski otpad„Задоволни сме од посетеноста на медицинските лица кои што вршат третман на ваков вид отпад и очекуваме дека со оваа мала обука третманот на медицинскиот отпад ќе биде на многу повисоко ниво во општините Охрид и Струга“ додава Јанакиевски.

Проф.Д-р. Михаил Кочубовски од Републичкиот Институт за јавно здравје вели дека моментално медицинскиот отпад во поголемиот број здравствени установи од државава   соодветно се селектира и управува, но основниот проблем е неговото уништување.

„Kако министерство за здравство, Институт за јавно здравје на РМ, направивме план за управување со отпад, во согласност со законските прописи и сакаме на целата територија да се врши безбедно третирање на медицинскиот отпад. Што значи од почетокот од неговото селектирање, пакување и означување до негова диспозиција и уништување на безбеден начин или инсинерација на висока температура“ објаснува Кочубовски.

medicinski otpadКочубовски додава дека на овој начин би се намалувала масата на отпадот до 90% и значително би се намалил и бројот на лица кои би доаѓале во контакт со него.
Инаку Министерот за здравство, Никола Тодоров уште при неговата посета на Општата болница во Охрид во јуни годинава, најави изградба на специјална депонија за овој вид отпад. Министерот додаде дека апропо тоа, сите болници ќе треба да  инсталираат соодветна опрема којашто ќе биде потребна за чување, складирање и првично термичко третирање на овој вид отпад. И покрај овие оптимистички најави, сведоци сме дека неретко медицинскиот отпад во градов знае да заврши во контејнерите за комунален отпад или во реките кои се сливаат во охридското езеро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top