• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските доктори прво сами ќе се откажуваат од пушење, а потоа ќе помагаат на пациентите

Охридските доктори прво сами ќе се откажуваат од пушење, а потоа ќе помагаат на пациентите

Започна со работа советувалиштето за откажување од пушење во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
sovetuvaliste
советувалиште

Докторите и медицинскиот персонал од Охрид први ќе се откажуваат од пушењето во новоотвореното советувалиште за откажување од пушење. Високиот процент на пушачи во категоријата здравствени работници ќе се намалува во она што се нарекува прва фаза од функционирањето на советувалиштето за откажување од пушење. Во втората фаза, откако ќе се справат со сопствената зависност, здравствените работници ќе се обидат да им помогнат на нивните пациенти да го сторат истото. Ова советувалиште ќе функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид, а е дел од поголемата мрежа на советувалишта на територијата на Република Македонија.

pusenje sovetuvaliste„Во советувалиштето ќе бидат ангажирани доктор по медицина, медицинска сестра и по потреба ќе биде ангажиран и психолог. Ќе работи во просториите на одделението за социјална медицина при Центарот за јавно здравје од Охрид, секој вторник и четврток од 13 до 15 часот. Со овој проект се надеваме дека ќе допреме до свеста и совеста на пушачите да конечно решат, барем еден мал дел од нив решат да се откажат од пушењето, да се ослободат од прангите на никотинската зависност.“-вели д-р Даниела Постоловска, доктор во одделението за социјална медицина при Центарот за јавно здравје од Охрид.

Д-р Постоловска вели дека клучен момент во борбата за откажување од пушењето е волјата кај луѓето и нивната согласност да пристапат кон тешкиот процес на откажување.

pusenje„Имаме два методи на работа, групна едукација и индивидуална едукација. Ќе се пријавуваат граѓаните во советувалиштето кои се заинтересирани, ќе формираме прво помали групи од 6 до 10 луѓе, ќе правиме групна едукација, а после таа групна едукација, секој заинтересиран поединец кој ќе одлучи да се откаже од пушењето, ќе му закажеме нов термин за индивидуална едукација. При таа индивидуална едукација имаме одредени тестови, параметри кои што ќе ни помогнат за да го одредиме степенот на никотинска зависност кај поединецот, за да ја одредиме подготвеноста за откажување од пушење и според тие индикатори понатаму ќе постапиме според нашата програма.“-рече д-р Постоловска.

Втората фаза во која советувалиштето ќе биде достапно за сите граѓани ќе се случи некаде во месец Август. Инаку според д-р Постоловска процесот на одвикнување од пушењето трае околу 12 недели, во зависност од степенот на никотинска зависност, додава дека после 12 месеци апстиненција, пациентот веќе се смета за поранешен пушач.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top