• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Алармантно нивото на загаденост на Охридското езеро кај Андон Дуков и женска плажа во Струга

Алармантно нивото на загаденост на Охридското езеро кај Андон Дуков и женска плажа во Струга

Ова го покажале последните испитувања на површинските води спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид. Мострите покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска петта класа, односно вода која содржи фекални бактерии опасни по здравјето на луѓето. Од Центарот за јавно здравје велат дека работат на откривање на загадувачот.

 |  Мишел Наумоски  | 
vodi
води

Водата кај плажите Андон Дуков и Женска плажа во Струга со алармантен степен на загаденост. Црвеното светло го уклучија последните испитувања кои ги спровеле екипите од Центарот за јавно здравје од Охрид кои покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска можна, односно петта класа, опасна и по здравјето на луѓето. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека според Уредбата за класификација на води, за петта класа се смета водата која во себе содржи над 500 термотолерантни бактерии, односно бактерии како што е ешерихија коли односно бактерија од свежи фекалиии. Д-р Симоноска потенцира дека мострите кои ги зеле од овие две плажи, покажале вредност три пати повисока од предвидената во оваа класификација.

kej makedonija„Андон Дуков септички јами колку што знам јас, нема, поврзани се на колекторски систем. Во овој период таму ништо не работи. Од каде е ова загадување во Андон Дуков? Моја работа е понеделник морам да одам да извршам увид, ги чекав прво резултатите за да можам да видам на која плажа ќе правам увид, каде што е позагадено и да се обратам писмено до градоначалнико и да преземеме заеднички мерки што да правиме понатаму. Граѓаните да знаат дека оваа вода не смеат ни за наводнување на тревнати површини, ни за наводнување на градинарски производи, зеленчуци, овошје ништо. Оваа вода е премногу загадена.“-вели д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид.

Crn DrimЗа да добиеме претстава колкаво е загадувањето, д-р Симоноска ги спореди резултатите од мострите кои ги зеле од реките Сатеска, Коселска и Црн Дрим како и водата од пречистителната станица во Враништа која години наназад не работи како што треба. Сите тие, д-р Симоноска вели дека се со квалитет од трета класа, многу повисок од оној на водата кај споменатите две плажи.

„Цело лето кога е најголема гужва по плажите, ајде летово ќе речеме немаше гужва ама имало, сиве години наназад, вакво нешто не се случило. Што се случува, дали струјата од некаде носи нешто, ќе видиме. Ние сега во Јануари ќе земеме повторно вода, затоа што мораме да ја следиме ситуацијата, зошто е ова загадување, да не ни испадне летово да не можит никој да оди во Андон Дуков, во кампот, да му удриме клуч на кампот со државниот здравствен и санитарен инспекторат, бидејќи ние ги известуваме и нив, резултатите ги добиваат. Јас подготвувам информација за нив, за градоначалникот, само да се направат увидите и да видиме што е проблемот.“-рече таа.

zagadeni vodiШто се однесува до Женска плажа-Струга, д-р Симоноска вели дека таа писмено ќе се обрати и до струшкиот градоначалник со цел да се открие кој е загадувачот на оваа струшка плажа. Додава дека иако најпрво се сомневале во излевање од колекторскиот систем, сега ја отфрлиле таа можност бидејќи истиот не поминува непосредно покрај езерото. Д-р Симоноска воедно ја отфрли и можноста како причина за катастрофалниот квалитет на водата на овие плажи да биде и наводното загадување на езерото од албанска страна. Според неа, струјата не е доволно силна за да го носи изворот на загадувањето преку толкава водена површина. Додава дека во најлош случај водата би била од трета, а не од петта класа. Инаку од Центарот за јавно здравје имаат обврска во текот на годината да земаат до 130 мостри за испитување на квалитетот на површинските води, а досега тие веќе имаат земено 156. Вода од прва класа имало само на плажата кај хотел Далјан, градското пристаниште и плажата пред Куба Либре.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top