Ознака: збор

niskogradba

Зачестени сервисните интервенции на водоводната мрежа

Post Views: 2 Секоја година пред почетокот на летната сезона, се интензивираат сервисните интервенции на водоводната мрежа во градот и приградските населби. Станува збор за тековни проверки, пробивање на водоводните цевки, зафати кои минимум еднаш во годината мора да се спроведат, вели Влатко Ивановски раководител на Одделението за одржување, во Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид. Ивановски додава  дека претходно се прави договор со сите институции и се информира јавноста. Од „Нискоградба“информираат дека години наназад, приградската населба Трпејца, се соочува со проблеми...

Continue reading

Gimnazija

Охридската гимназија најпосакувана за идните средношколци

Post Views: 1 Голем интерес за упис во О.С.У. „Св.Климент Охридски“. Од слободните 440 места во оваа образовна установа, само во првиот дел од јунскиот уписен рок, пријавени околу 370 идни гимназијалци. И тоа, за 12- те слободни гимназиски паралелки, 4-те економски, како и медицинската, која веќе четврта година по ред буди голем интерес кај идните средношколци. Директорот на гимназијата Наум Рилкоски задовлен од текот на уписите, најави неколку олеснителни околности за следните уписни рокови. Директорот Рилкоски, задоволен и од текот на државната матура неодамна спроведена во оваа...

Continue reading

Boceska

Центарот за култура, „Григор Прличев“ доби своја веб страница

Post Views: 2 Во чест на 50 годишнината од постоењето на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“,Н.У. Центар за култура, „Григор Прличев“ ја доби својата веб страница. Станува збор за медиум, преку кој на едно место ќе може да се најдат сите наши активности коишто се случуваат под закрила на центарот, вели директорката Драгана Боцеска. Од организацијата на Балканскиот фестивал, Прличевите беседи, па репертоарот на Охридскиот театар, се до филмските премиери, концерти изложби и други настани, преку оваа корисна алатка ќе може да се добијат детални информации за секој настан,...

Continue reading

EPRA sostanok

Слобода има, но и притисок

Post Views: 2 Македонија домаќин на 33-та конференција на Европската платформа на регулаторните тела. „Во нашата земја е загрозена и слободата на изразување, како и слободата медиумите“, вели првиот човек на СРД на Македонија, Зоран Стефановски. Тој истакна дека станува збор за проблем, со кој не се соочува само нашата земја, туку се соочуваат и останатите земји од регионов. Стефановски додаде дека станува збор за сериозно прашање, кое бара сериозен пристап и ангажман во решавањето од страна на сите инволвирани страни. „Мислам дека не сите се загрозени, има слобода на медиумите,...

Continue reading

septicka jama

Во Охрид сеуште има септички јами

Post Views: 47 Од Варош па се до селото Љубаништа, речиси триесет проценти од Охридските домаќинства, проблемот со фекалната канализација го решиле со изградбата на овој вид постројки. Најголема причина за ваквата состојба е неможноста некои од домаќинствата да се приклучат на фекалната канализација. Посебно симптоматична е ситуацијата во стариот дел на градот, каде некои од домаќинствата сакаат да се приклучат на канализационата мрежа, но поради конфигурацијата на просторот во комбинација со нерешените имотно-правни односи, тоа е тешко изводливо. Од ЈП, „Нискоградба“ велат дека...

Continue reading

predavanje-pravnici

Граѓаните од регинов се почесто се жалат во Стразбур

Post Views: 0 Македонски граѓани се повеќе упатуваат преставки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Состојбата е слична и во останатите земји од регионот. Со тоа се отвара прашањето што е резултат  на таквата појава. Дали станува збор за недоверба кон нивниот правосуден систем или пак за неподготвеност на судската власт во регионот. Странските експерти оваа состојба генерално ја  објаснуваат како фиктивно применување на Конвенцијата за човекови права во балканските земји. Професорот Уве Бринг, од Меѓународниот Правен универзитет во Стохолм, за ваквата зачестена пракса...

Continue reading

ubistvo

Семејна трагедија на ул. „Момчило Јорданоски“

Post Views: 5 Семејна трагедија се случи во Охрид во доцните попладневни часови. Пронајдени две беживотни тела во семејна куќа на улицата Момчило Јорданоски, во близина на пекарата Габреш. Соседите во шок. Велат станува збор за брачен пар кој во брак бил веќе десет години, а имале и две малолетни деца. Видно потресени соседите изјавија дека , најверојатно станува збор за семејна расправија, која резултирала прво со убиство, а потоа со самоубиство. Додаваат дека најверојатно станува збор за долготрајна нетрпеливост помеѓу двајцата сопружници, која на крај, резултирала со трагедија....

Continue reading

opshtina

Извештај за стратегиска оцена

Post Views: 4 Јавен увид и расправа за извештај за стратегиска оцена. Влијанието на животната средина при изведба на планска документација е незначително, а во однос на социо економскиот аспект, истата за овој реон е позитивна. Оваа проценка доаѓа од извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина, кој денеска беше на јавен увид и расправа, во општина Охрид. Интересот на жителите на Видобишта, за каде се однесува овој извештај, беше минимален. Јасмина Момироска Трајкоска, виш соработник за животна средина при локалната самоуправа во Охрид, рече дека општината се...

Continue reading

Grigor Prlicev

Причината непозната за тепачка во дворот на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 56 Две групи ученици се степале во кругот на основното училиште Григор Прличев. Во средата во меѓусмена, по завршувањето на наставата за осмоодделенците помеѓу ученици дошло до  физичко  пресметување. Во одбрана на помалиот брат ученик во училиштето  се вклучиле и двајца гимназијалци. Училишниот педагог  Офелија Петреска негира дека станува збор за масовна тепачка, како што некој сака овој инцидент да го престави во јавноста. Станува збор за размена на неколку шлаканици помеѓу учениците кои поминале без сериозни повреди и навреме била  спречена,  изјави за ТВМ Петреска. И...

Continue reading

parola

Ловџиите од Л.Д. „Дримкол“ Лабуништа, повторно на протести

Post Views: 28 Лабунишките ловџии повторно на протестен митинг. Овој пат, околу стотина претставници и симпатизери на Ловното друштво „Дримкол“ од Лабуништа, речиси три часа го блокираа соопраќајот на Главната раскрсница Струга-Дебар-Ќафасан. Причина за протестниот митинг,  велат од друштвото, е одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја додели коцесијата на ловно друштво од Вевчани, старо малку повеќе од една година. „Станува збор за друштво кое е формирано во 1932 –т а година. Иако во 200-та ни беше одземено правото да стопанисуваме со ловиштата,...

Continue reading

np Galicica

Скап проект за заштита на прекуграничниот регион Преспа

Post Views: 3 Еден и пол милиони евра за заштита прекуграничниот регион Преспа. Станува збор за проект со кој овој регион, ќе прерасне во трилатерален UNESCO биосферен резерват, еден вид рамка за заштитените подрачја и напорите за заштита на овој регионот. Спречување на понатамошната еколошка деградација, како и загадувањето на овој регион беа некои од точките за кои се зборуваше на конференцијата, истакна Министерот на МЖСПП, Неџати Јакупи. Сепак на конференцијата не стана збор за органското загадување на двете езера на кое експертите предупредуваат . Така неодамна Професорот за...

Continue reading

Goran Momiroski

Новинарскиот еснаф во Охрид и регионот мора да се консолидира

Post Views: 0 Лоцирање и решавање на проблемите со кои се соочува новинарската фела во регионот. Заедништво и координирано делување е она што е под итно потребно, прво при лоцирањето, а потоа и за решавањето на проблемите со кои се соочуваат секојдневно и редакциите и новинарите, вели координаторот на Регионалниот центар на Здружението на новинари на Македонија, од Охрид, Горан Момироски. Во работата на центарот, покрај координаторот ќе бидат вклучени и претставници од пишаните медиуми, локалните телевизии и како и претставници на камерманите. Станува збор за голем диверзитет на проблеми...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top