Слобода има, но и притисок

Македонија домаќин на 33-та конференција на Европската платформа на регулаторните тела.

 |  Крсте Голабоски  | 
EPRA sostanok
EPRA состанок

Македонија домаќин на 33-та конференција на Европската платформа на регулаторните тела.

EPRA sostanok„Во нашата земја е загрозена и слободата на изразување, како и слободата медиумите“, вели првиот човек на СРД на Македонија, Зоран Стефановски. Тој истакна дека станува збор за проблем, со кој не се соочува само нашата земја, туку се соочуваат и останатите земји од регионов. Стефановски додаде дека станува збор за сериозно прашање, кое бара сериозен пристап и ангажман во решавањето од страна на сите инволвирани страни.

„Мислам дека не сите се загрозени, има слобода на медиумите, но притисокот е голем, било тој да доаѓа од центрите на политичка на моќ или центрите на економска моќ или сопствениците на медиумите, притисок постои“, кажа Стефановски.

Стефановски истакна дека иако може да се правдаме со актуелната политичка состојба во која се наоѓа нашата земја, бидејќи сме во изборен процес, тоа воопшто не е изговор. На иницијатива на македонскиот Совет за раздиодифузија, ќе се формира Балканската мрежа на регулаторни тела. Една од причините за формирање на оваа мрежа е, потребата од поголема слобода на изразување, како и потребата од поголема слобода на медиумите во земјите од регинов.Така претставниците на регулаторните тела од земјите во регионов  истакнаа дека слободата на изразување претставува динамичен, жив процес, кој сепак може да се конторлира. Доказ за тоа е Црна Гора.

„Што се однесува до сама Црна Гора, мислам дека постои завиден степен на слобода и на медиумите. Но тоа не значи дека се е идеално, треба уште многу да се  работи и од страна на државата и од страна на медиумите, со цел да се направи уште подобар амбиент за работа, истакна преставникот на агенцијата за електронски медиуми на Црна Гора.

На состанокот на Европската платформа за регулаторни тела, чијшто домаќин е СРД,  ќе учествуваат над 150 претставници од регулаторните тела за медиуми од цела Европа и задкавкаските земји. Станува збор за реализација на една дамнешна идеја, со која ќе се организираат регулаторните тела од земјите во регионов, истакна првиот човек на македонскиот совет за радио дифузија, Зоран Стефановски. Целта е подигнување на ефективноста на регулацијата на медиумите во балканските земји и хармонизирање на регулаторниот пристап кон балканските медиумски проекти како и унапредувањето на соработката меѓу регулаторните тела за медиуми во регионот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top