Центарот за култура, „Григор Прличев“ доби своја веб страница

Повод и причина, педесет години од „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“.

 |  Крсте Голабоски  | 
Boceska
Боцеска

Balkanski festivalВо чест на 50 годишнината од постоењето на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“,Н.У. Центар за култура, „Григор Прличев“ ја доби својата веб страница. Станува збор за медиум, преку кој на едно место ќе може да се најдат сите наши активности коишто се случуваат под закрила на центарот, вели директорката Драгана Боцеска. Од организацијата на Балканскиот фестивал, Прличевите беседи, па репертоарот на Охридскиот театар, се до филмските премиери, концерти изложби и други настани, преку оваа корисна алатка ќе може да се добијат детални информации за секој настан, додава Боцевска.

„Очекуваме постојано да биде посетувана оваа страница. Секако Центарот за култура го има и на социјалната мрежа Фејсбук, но редно беше да се отвори веб страна, со која во секое време ќе бидеме присутни и ќе може секој да се информира за настаните кои се случуваат во нашата устанува; кажа Боцевска.

Еден од најстарите фестивали на народни песни и игри во Европа, „Балканскиот фестивал“, годинава одбележува 50 години од своето постоење. Во чест на јубилејот, директорката Боцевска најави дека содржински, фестивалот ќе биде во знакот на фолклорот и етно културата на соседните земји. Голем број од учесниците веќе и го најавија своето присуство.

„Поголемо внимание им обративме на нашите соседи. Ќе ни гостуваат 4 професионални ансамбли, од Македонија, Србија, Бугарија и Косово.Исто така на ова јубилејно издание ќе гостуваат ансамбли од Турција и Црна Гора, кажува Боцевска.

Имено, станува збор за фестивал кој постои од 1962 година. Првобитното име на фестивалот е ” Охридски фестивал на аматерските ансамбли на народни песни и ора”. Свеченото отворање се одржало на 20 јули 1962 година на градскиот плоштад. Од 1967 година Фестивалот добива концепција на него да учествуваат вокално-инструментални состави и солисти кои ќе го презентираат автентичното народно творештво и традиционалната култура низ ората, игрите, песните, обредите, обичаите, народните носии, инструментите што се употребуваат во музиката и ракотворбите. Повеќе од дваесеттина години Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на асоцијациите на UNESCO : CIOFF Интернационален совет на организациите за фолкорни фестивали и фолкорна уметност  и IOFA Меѓународна организација за фолкорна уметност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top