Ловџиите од Л.Д. „Дримкол“ Лабуништа, повторно на протести

Бараат да им биде вратена ловната концесија, која неодамна беше доделена на Л.Д. „Црн камен“ од Вевчани.

 |  Крсте Голабовски  | 
parola
парола

Лабунишките ловџии повторно на протестен митинг. Овој пат, околу стотина претставници и симпатизери на Ловното друштво „Дримкол“ од Лабуништа, речиси три часа го блокираа соопраќајот на Главната раскрсница Струга-Дебар-Ќафасан. Причина за протестниот митинг,  велат од друштвото, е одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја додели коцесијата на ловно друштво од Вевчани, старо малку повеќе од една година.

„Станува збор за друштво кое е формирано во 1932 –т а година. Иако во 200-та ни беше одземено правото да стопанисуваме со ловиштата, ние продолживме со нивно одржување. Денес, Владата ни ја одзеде концесијата и ја додели на неискусно друштво, вели претседателот на Л.Д, Беќироски Бешир.

Лабунишките ловџии исто така ја добија и поддршката на ловџиите од Л.Д „Превезан“ од Струга. Зад нивните барања застана и струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, кој кажа дека станува збор за ловишта во сопственост на Општина Струга и луѓе кои се граѓани на Струга.

protest

И Заменик Министерот за Локална самоуправа, Фарук Фератоски, кој исто така е дел од извршната власт, со поддршка за протестите на лабунишките ловџии. „Сосема легитимно е правото на граѓаните преку протест да го изразат своето незадоволство“, вели Заменик Министерот Фератоски.

Фератоски додаде дека учествувал во расправата при  доделувањето на концесијата. Вели дека сите правни механизми се во функција и апелира до Државниот инспекторат за шумарство и ловство, да направи проверка на капацитетите на сегашниот концесионер Л.Д „Црн камен“ од Вевчани. Станува збор за концесија со која ќе се овозможи стопанисување со ловишта кои се  протегаат на површина од 18.700 хектари, од кои само 5% се во вевчанскиот атар. Од Ловното друштво „Дримкол“ од Лабуништа најавија дека следните протести исто така ќе бидат мирни и ќе се одржат пред Владата на РМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top